Пејачот Зоран Ванев веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија. Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет.
Претходно за „Фокус“, тој изјави дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.
-Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих, Швајцарија.
Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина.
Таа е призната во целиот свет, како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување.
Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажа Ванев, во разговор за „Фокус“ пред две години.
Едноставно, за да имате ефикасно лекување потребно е целосно испитување на човекот со сите потребни анамнези и анализи.
Тоа значи во мојата клиника најпрвин се земаат сите податоци на клиентот до денешен ден, со какви се болести имал контакт досега, какви се лекови има примано, дали има фамилијарни здравствени или психички или било какви проблеми, па и финансиски.
Потоа одиме на испитување на кр -вта’’ – вели Ванев, давајќи осврт на процедурите на лекување кои што ги користи.
народот го засака откако ја испеа познатата „Ангела, Ангела“, која и денес се пее на сите веселби, кај нас и во целата дијаспора.
Ванев во едно интервју зборуваше токму за песните кои како што рече го вивнале во музичкото небо.
Освен во Македонија, тој градеше кариера и во Србија, и така за него дозна и публиката од целиот Балкан.
-Од македонските песни ќе ја издвојам Ангела која беше вистински бум, песна која ме подигна во небото, тогаш уште кога бев дечко од 21-22 години. После тоа дојде Ако бевме заедно, Душо моја жал ми е…
Има доста добри песни кои што можеби треба еден ден да ги обновам, а од Интернационалната музика Јужна пруга, остави голема трага и до ден денес се пушта низ цел свет каде што се слуша балканска музика.
Каде и да одам луѓето до ден денес ги пеат, тоа е навистина еден печат на еден пејач дека знае да одбере и отпее песна.-истакна познатиот пејач, за гледачите на ИН ТВ.
Во едно интервју за Фокус, Ванев открил зошто всушност се поблекол од музиката, на која сега пак ѝ се врати откако сними нови песни нма српски јазик, па потоа беше и на турбеја низ Австралија и кажа како навистина стојат работите во неговиот живот:
– За музиката треба настојување да се исполни и да се задржи публиката возбудена. За жал, ја видов и многу лошата страна на музиката, која е галванизирање и уценување за хонорарите за моите настапи.
Потоа, многу лошо организирани настани, затоа што сите сакаа брзо да заработат од нас пејачите, сите сакаа да бидат повеќе вклучени на некој начин во име на менаџерот отколку чесно да си ја вршат работата.
Кога ќе го соберете сето тоа и ќе ја одземете таа работа, тоа всушност не е за некое уживање. Во Швајцарија сум 25 години и некако научив ред, дисциплина и коректен бизнис, што засега е незамисливо во музиката.
Никој до денес нема договори за работата што треба да ја работи како уметник, а да не зборуваме за осигурување ако нешто му се случи.
Како уметник, барем во таа највисоко рангирана музичка продукција, очекував некаков професионализам со кој би можел да градам кариера, а не да размислувам во какви дискотеки и клубови да настапувам?
Дали сопствениците се чесни или нечесни? Дали праведно би ми платиле или не? Дали се занимаваат со некоја „матна“ работа, па ве очекува малку погрда страна на соработката?
Тоа е многу едноставно, барем за мене. Да одеше се професионално, немаше да се повлечам така лесно, но можеби ќе бев дел од денешната музичка „Елита“ (ако можам така да го наречам“, откри Ванев.