Naslovna Zivot Весна Петрушевска раскажа приказна за откажувањето од алкохол на Игор Џамбазов, го...

Весна Петрушевска раскажа приказна за откажувањето од алкохол на Игор Џамбазов, го спореди со овој познат музичар и откри

Познато е дека Весна Петрушевска и Игор Џамбазов се добро пријатели и колеги со години и заедно играат во театар, а водат заедно и емисија поврзана со животната средина.

Загадувањето на воздухот, дивите депонии, климатските проблеми, но и чекорите што треба да ги преземеме за да ги ублажиме овие големи проблеми за човештвото, се во фокусот на новото еколошко шоу „Агенда 21“ .

Агенда 21 е интерактивно, едукативно ТВ шоу кое обработува теми од екологијата и глобалното затоплување.

За прв пат во Македонија се посветува ток шоу на тема екологија па токму затоа има за цел е да изврши едукација и подигнување на свеста кај граѓаните, а посебно кај младата популација за важноста на зачувувањето на екологијата.

Водители се неповторливиот тандем Весна Петрушевска и Игор Џамбазов кои се во друштво на младите актери, Јована и Кристијан.

Искусните водители на интересен и забавен начин презентираат факти.

Потоа, разменуваат мислења со своите млади колеги за најгорливите еколошки теми и заеднички ќе трагаат по најсоодветни решенија за ублажување на климатските промени, глобалното затоплување и уништувањето на природата од страна на човекот.

– На секое патување низ Македонија, дали приватно, дали на концерт со бендот, снимање, откриваме по една нова дива депонија. И тоа, понекогаш на места на кои никогаш не би ти ни паднало напамет да побараш.

Среде шумата, до изворот… ужас. Ќе треба многу време додека овој народ го промени својот ментален склоп. Токму затоа и постои „Агенда 21“. Да ја подигнеме свеста на овие млади луѓе.

Ако веќе не е доцна. Навистина она што Весна Петрушевска го прави со тие деца, и за тие деца, е достојно за голем наклон. Штета што државата немаше нос за овој проект.

Но, за среќа, има добри и умни луѓе, како оние, на пример, од „Пакомак“ и „Нула отпад“ кои несебично го помогнаа сето ова. Но, патувањата низ Македонија понекогаш носат и изненадувања на оваа тема.

Да речеме, овде во Стрезовце имате контејнери насекаде. Само на главната улица имате на секои 75-100 метри. Јас во Скопје за да фрлам ѓубре треба да изодам 200 метри“; изјавил во Слободен печат Џамбазов.

– Во Дојран живеам, а во Скопје работам. Бидејќи во Скопје ги завршив своите обврски, а куќата во Дојран ги чека пролетта и мајсторите, се одлучив да побарам место на кое досега не сум бил, и да „искулирам“ малку, што би рекле младиве.

И од прва го најдов, сосема случајно. И што да ви кажам, љубов на прв поглед.

Сместен сум во брвнарата Младеновски, пркрасен мал ранч, во сопственост на Лилјана и Стефан, двајца млади луѓе со неверојатна визија и храброст во бизнисот.

На само еден километар се наоѓаат и изворите на познатата вода Визиана, со рибен ресторан, парк, Зоолошка градина. Топло ви го препорачувам Стрезовце и оваа брвнара. На само 45 минути од главниот град“, рекол тој во истиот медиум.

А Весна Петрушевска споделила едно стори во кое го означила Игор Џамабзов, а сторито потоа го споделил и тој. Весна всушност раскажала една приказна за Игор низ овие зборови:

-Во 2008 годиа, Еминем официјално се откажа од алкохол и од дрога. Тој се држеше до својот збор, и оваа година слави 25 годии откако е трезен“:

Оваа приказна на познатиот рапер има всушност врска со Џамбазов кој кажал на некои настапи колку не пие. На крајот од 2021 година тој кажал дека не пие 4 години, што значи дека наскоро ќе станат 6 години.