Naslovna Srbija ОВА Е МИЛОРАД, ТАКСИСТОТ ШТО НЕ САКАШЕ ДА ИМ НАПЛАТИ НА БАБИТЕ:...

ОВА Е МИЛОРАД, ТАКСИСТОТ ШТО НЕ САКАШЕ ДА ИМ НАПЛАТИ НА БАБИТЕ: „Никогаш нема да го заборавам ОВА возење“ (ВИДЕО)

Милорад Рафаиловиќ е таксистот кој го воодушеви регионов, затоа што не им наплати на бабите за возењето и на тој начин покажал големо срце!

Тој вели дека ова не е прв пат тој или некој од неговите колеги да постапат вака, а дека сè се случило непланирано, и ваков одговор од општеството не очекувал.

Како што вели, отсекогаш бил слаб кон постарите и жените со деца, па не е ни чудо што две баби излегле од таксито без да платат ниту еден динар. Но, тој напоменува дека многу негови колеги секојдневно прават вакви дела, но за жал, тие често поминуваат незабележано.

– Ваквите ситуации си разменуваме меѓу себе, па не е случајно или ретко… На колегите би им порачал да продолжат да бидат луѓе што се и да имаат малку повеќе емпатија кон постарите граѓани.

На крајот на краиштата, ние сме тука за нив, и бевме таму кога имаше поплави и сите несреќи што ја погодија нашата земја, па само со добрина одиме напред – вели овој благороден човек.

Тој додава дека реакциите на патниците кои ги третира се повеќе од емотивни, тие секогаш од возилото излегуваат светли и среќни, па таквата глетка му значи неспоредливо повеќе од која било парична цифра.

Сепак, една сцена ќе остане засекогаш врежана во неговото сеќавање – кога и помогна на баба со деменција да стигне до нејзиниот дом, па оваа средба се претвори во многу повеќе од бесплатно возење.

– Најемотивно беше кога возев баба која поради деменција не знаеше каде и е куќата, ниту како се вика нејзината ќерка. Ја зедов личната карта и ја прочитав. Адресата беше во Медаковиќ, тргнавме и застанавме пред зграда која таа не ја препознава и тогаш најдов женско име во нејзиниот телефон.

Ќерката се симнала плачејќи. Сакаше да го плати возењето, но јас секако не ги земав парите – заклучува белградскиот таксист.

Милорад тврди дека по ова возење со денови бил под впечаток и само размислувал колку нашето мало може да промени нечиј ден, недела, па дури и живот и тврди дека „сите не чека еден ден старост“ и се надева дека секогаш ќе да може да му помогне на некој што е најпотребен.

Извор: Телеграф