Naslovna Zivot Луѓе се собрале кај мене, почнаа со јајца да мавааат- Спасе од...

Луѓе се собрале кај мене, почнаа со јајца да мавааат- Спасе од „Сител“ раскажа неверојатна приказна

– Кога сум наутро на работа мојот ден започнува во 5 часот наутро, одам директно под туш, па пуштам кафе, се подготвувам и право во СИТЕЛ“, кажа во една прилика Спасе Јовановски, новинароот од „Сител“, водителот на временската прогноза.

– А кога сум попладне, станувам во 9 часот секако со истата рутина, плус појадок. Денот, па можа, да кажам дека ми трае 12 часа. Покрај работата во СИТЕЛ, задолжен сум за инстаграм профилот на Лила, и уште неколку профили кои ги водам во позадина.

Денот ми завршува со ТОТАЛНА мрачна соба и музика. А за викендите се трудам малку да поспијам“, изјавил во тој во Женски магазин и потоа додал:

– На инстаграм има бројач, па точно покажува колку си се задржал на нивната апликација, јас дневно поминувам од еден до 2 и пол часа, со оглед на тоа дека едитирам фотографии, видеа, поставувам сториња, сепак не го сметам тоа за изгубено време бидејќи ми е втора работа.

Во Македонија, нема ИНФУЛЕНСЕР тоа е залудно и присилно наметната дефиниција за оние што немаат што да прават со својот живот.

Тоа се онлјан продавачки, некој бренд таму, сака да се продава неговата роба, па сака да помине поевтино и ангажира некој лик, кој често има КУПЕНО следбеници (тоа лесно се проверува) и за кило сирење тие мислат дека се инфлуенсерки.

Сега тука ќе си кажат ПА ЛИЛА ШТО Е? Лила е лик од телевизија, својата слава ја стекнува како водителка, која веќе 30 години е АКТИВНО присутна во јавниот живот.

Нејзината работа на инстаграм е плус. Лила не е популарна поради инста профилот, туку поради многу успешни проекти зад неа, вклучувајќи го и последното шоу кое трае веќе 11 години.

– Иако се познаваме 15 години, според нашата конекција се чини дека се знаеме цел живот. Јас ја запознав додека работев како новинар во таблоидот СВЕТ. Тогаш измислив некој текст, па сакаше да ме тепа кога ме виде (се смее) и така по 15 години…

Денес сме бизнис партнери, заедно работиме на нејзиниот инстаграм профил кој можам да се пофалам дека е најуспешен во земјава па и регионот.

Лила има сенс за бизнис, стил, ама буквално ја бива за сѐ, и сум среќен што токму таа е мојот ментор низ сиве овие години“, изјавил Спасе.

– Ноќниот живот кај нас се сведе на “ајде да излеземе вечер, ама молиме бога побрзо да си одиме“. Локалите во градот се трудат да направат нешто ама сето тоа е млако, онака слабо.

Ако локалот собира 100 луѓе па немој да ставаш 250 да не можам да мрднам да мора да се чуствувам ко риба сардина, озвучување за стадион во премал простор, некој бенд што фалшира, некои фаци што стојат во место, едни те исти песни секое излегување…

Оние што го менаџираат ноќниот живот, треба да го опипаат пулсот на луѓето, тоа е цела филозофија, гледаш дека не се мрда никој смени музика, смени бенд, воведи нешто ново не знам, ако те погодам со тапа од шампањ вечерта у глава пиете гратис сите…“, изјавил Спасе.

Спасе на Фејсбук раскажа една своја ептен јака приказна која гласи вака: „На временска сум кажал дека за 1 мај ќе врне и дека ќе има невреме!

Си доаѓам од работа, идам да дремнам у спална, кога од надвор се слуша… ИЗЛЕЗИ НЕ СЕ КРИЈ! УНИШТУВАЧ НА ЗАБАВИ! КОГА Е ОН НА РАБОТА САМО ВРНЕ!

Гледам кроз прозор, луѓе се собрале ПРОТЕСТИРААТ кај мене пред зграда! Со јајца почнаа да маваат, чадорите ги палат… Читав пароли УКИНЕТЕ ЈА ВРЕМЕНСКАТА!

ТИ СИ ЛОШ ПРОРОК!вРОЛЛА ДО ПОЛЛА!вОдеднаш, мавна таков ГРОМ у близина на толпата и сите се разбегаа, а јас… СЕ РАЗБУДИВ!“ стои во сттаусот на Спасе.