Познато е дека патувањата ѝ се голема стратс на Лила Филиповска, а таа во една прилика беше во едне од најубавите европски градови, Прага и од таму објави убави слики и ја опиша чешката престолнина на овој начин:
-Прага е прогласен за најубав град на светот. Многу често ми беше во топ три омилени градови а ова е доказ дека е омилен и на многумина кои што го посетиле.
Бев еднаш и време е да ја испланирам мојата повторна посета на овој град сместен на реката Витава, во срцето на Европа наречен уште “град на стотина куполи” ,
преплавен со разнобојни барокни згради, поврзано со Карловиот мост… Кој бил знае за што зборувсм а кој не топло го препорачувам…па ако се сретнеме таму ќе одиме на традиционалниот десерт Трделник …едвај чекам“, рече Лила.
Таа е долги години на Тв екраните, всушност сите кои ја следат Лила на телевизија имаат впечаток како целиот живот да ја познаваат. Таа неодамна се пофали на Фесјбук дека почнува 11 сезона на квизот „Се или нешто“.
Овој квиз некако се наметна како нејзин заштитен знак, затоа што се емитува долго време, а народот се наувикна секоја вечер да се дружи со Лила, со натпреварувачите, но и со фамозниот банкар чиј идентитет таа никогаш не го откри.
ила поретко на Фејсбук пишува подолги статуси, но нејзиниот најнов статус е всушност една мудра мисла за животот, за љубовта, за очекувањата,з а среќата, а приказната која ја напиша Лила вели вака:
– На крајот на денот најбитно е дали си среќен. И знаете која е најголемата вистина кога е среќата во прашање ?!.. да не ви зависи од никого и од ништо.
Очекувањата не прават несреќни, потребата да бидеме она што другите го очекуваат од нас не прави несреќни, живот во некакви рамки, што ќе речат луѓето е нешто што не оптеретува…
Истите тие луѓе на кои не им е гајле дали сте добри со здравјето, дали имате доволно за пристоен живот, како ви е на работа, како ви е во бракот…! Да, дозволуваме од нив да ни зависи среќата, а не треба, не смее….
Секој за себе си знае најдобро, секој знае како му е во сопствената кожа и неговите чевли!
Затоа на здравје на сите вас кои животот го живеат на свој начин, кои го прават она што ги чини среќни кои на време сфатиле дека животот започнува тогаш кога ќе сфатиш дека немаш друг“.
Водителката многу ретко зборува за својот приватен живот, па речиси никогаш ништо не открива. На социјалните мрежи споделува фотогографии од нејзините активности, а многу ретко знае да сподели фотографија и со нејзиниот син Филип.
„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“ е цитатот во кој се пронајде убавата водителка и симпаично се пошегува со своите следачи.
Лила често на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиниот син единец, кој сега тргна по нејзините стапки. Во опис на нивните заеднички фотографии секогаш има некоја шега во нивни стил со која ја засмејуваат јавноста.
Лила сега сподели дека пак ужива и тоа во Дубаи, и сподели една супер слика од нејзиниот апартман таму и поглед кој е топ, ама кажа и каква е таа кога ќе се заљуби.
Ова всушност таа го објасни низ интересна илустрација, тоест слика со зајчиња која можете да ја видите подолу и рече: Јас кога ќе се заљубам.