Naslovna Zivot Даниел Кајмакоски стана татко, го покажа син му и откри какво име...

Даниел Кајмакоски стана татко, го покажа син му и откри какво име му дале (ФОТО)

Познато е дека нашиот популарен пејач Даниел Кајмакоски Беше во брак со Кристина Димитри, која во еден период проговори за периодот за време и по разводот со Даниел:

„Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе“– во својата прва изјава по разводот од поп пејачот Даниел Кајмакоски, тврди моделот Кристина Димитриевска во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ”.

Кајмакоски често објавуваше фотографии од семејната идила, па зато веста дека ставиле крај на бракот, ја изненади јавноста.

-Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму.

Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега.

После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија, раскажа тогаш Димитриевска за „Бекстејџ”.

Во една прилика Кајмакоски се отвори за српските медиуми и проговори околу бракот со Кристина:

Живеам во Белград од 2019 година, секако, и порано живеев, но исто така бев еден период во Македонија.

Таму се оженив, добив дете и се разведов. Се’ на брзина, односно на модерен начин“, рече пејачот.

Затоа се повлеков од медиумите за да можам да имам време за семејството. Со надеж дека можеби ќе почне да функционира, но не беше така.

Даниел објави празнична фотографија со неговиот миленик Нера, но и со неговата сопруга за која неодамна откри дека очекува син.

Пејачот досега го нема споманто името на жена му, а тоа го стори сега за првпат, на сликата со велигденски јајца. Така, на трите јајца беа испишани три имиња: Даниел, Нера и Марина.

Кајмакоски е познат по победата на првата сезона од светското шоу X Factor Adria.

Тој беше претставник на Македонија во Виена, Австрија за европскиот натпревар на песни Евровизија во 2015 година со песната Лисја Есенски по победата на Скопскиот Фестивал 2014.

-Доаѓам од скромно семејство, моите родители цел живот работат за да ни обезбедат пристоен живот, па ако можеле они зошто да не можам и јас?

Сум поминал секакви професии и работни места; бев продавач, агент во центар за повици, дури во сервисниот центар на Ерсте Банката во Австрија работев како оператор, но сè тоа беа убави искуства.

Пред да се појавам на Икс Фактор работев како инсталатер на градилиште што за мене беше преубаво искуство. Почнав од нула, бев самоук, Научив многу за таа професија, но и за себеси.

Почнав како помошник, но при крајот на моето работно искуство веќе бев десна рака на сопственикот на фирмата и имав преку 150 луѓе за кои бев лично одговорен.

Активно присуствував во планирање на проекти и нивната изградба, што разбуди еден инстинкт во мене, а тоа беше снаодливоста и желбата за секојдневно учење.

А Даниел Кајмакоски денес објави една прекрасна вест на Инста стори. Имено, тој и неговата сопруга Марина станале родители.

Даниел, кој пред само неколку недели објави дека ќе стане татко, на Инста стори денеска го покажа својот штотуку роден син и напиша: Дами и господа, ова е кралот Стефан! Нека е жив и здрав!