Naslovna Makedonija Ѓорѓи Спасов го искоментира Јани Бојаџи кој кажа дека нема да прости:...

Ѓорѓи Спасов го искоментира Јани Бојаџи кој кажа дека нема да прости: Ова е случај за обвинителство

Во колумна за Нова Македонија, режисерот и директор на Алфа ТВ, Јани Бојаџи, меѓудругото напиша:

„Простувањето го сметам за чин на крајно индивидуална одлука, која има смисол да се донесе само ако оној што ќе прости може да живее со тоа простување. Затоа што полесно се живее со омразата, отколку со прошката. Така велат оние што веќе простиле.

Ете, затоа, ќе зборувам во мое име, само во мое име – ЈАС НЕ ПРОСТУВАМ! Не им простувам на крвници што се хранат од неправдата што им ја нанесуваат на најблиските, на своите браќа и сестри. Не им простувам на човечки изроди што дишат од здивот на болката на нашите мајки, на нашите сестри, на нашите жени и ќерки!

Не му простувам на човечки отпад што живее во изметот на злото од светот во кој се раѓа и живее во чемер и јад. Не им простувам на исфрустрирани ко…иња на кои им беше простено, не еднаш и не двапати и не прекумера.

Не ѝ простувам на ѓаволска сила што секое мое простување, наместо како моја доблест, го доживува како моја слабост и потоа ме напаѓа и убива уште пожестоко и уште понемилосрдно!

Затоа овој пат нема да простам! Нема да простам заради нив самите! Нема да простам затоа што тие немаат човечки својства да го видат, да го разберат и да се засрамат од злото што го прават! Нема да му простам на болно семе што се осеменува и раѓа монструми и џелати…“

Професорот Ѓорѓи Спасов, на својот профил на социјалните мрежи, со одговор до Јани Бојаџи:

„Ова не е слобода на говор. Ова е ширење на омраза. Ова е отворена закана преку медиуми која е кривично дело. Ова е срам за некој што се нарекува режисер универзитетски професор и директор на Тв “Алфа”.

Овој текст не е за дебата тука за разгледување и постапка од Обвинителство.“