Naslovna Zivot Татјана Лазаревска објасни што се случува зад сцената на концертот на „Некст...

Татјана Лазаревска објасни што се случува зад сцената на концертот на „Некст тајм“ во Австралија со ова уникатно видео

На крајот од минатата година, близнаците од дуото „Некст тајм“, Мартин и Стефан Филиповски, направија концерт за паметење со македонската музика во салата Јане Сандански.

Во интервју за Магазинот за туризам и менаџмент велат дека се горди на сите песни. За жал, немаат никаква поддршка од државата. Помош добиваат само од тие што веруваат во нив и во нивното дело.

Точно е тоа дека имавме доста добра година. На сите места каде што настапувавме, налетавме на многубројна публика.

На сите места и градови каде што оваа година не успеавме да гостуваме, се надеваме дека следната ќе успееме и ќе уживаме во овие песни.

-Сѐ е убаво во свое време, секогаш може подобро, но горди сме на сите песни што сме ги креирале досега. Бевме помлади, што би се рекло, бевме деца, и во тоа време сме размислувале така.

Сега, кога ќе се вратиме на авторската музика, верувам дека имаме нови идеи и желби како сакаме да звучи нашата авторска музика.

Соработката со Никола Мицевски ни донесе многу во кариерата, меѓутоа тајната на успехот е во тоа што заеднички како тим ги креиравме сите овие обработки.

Тој нѐ слушаше што сакаме ние, а ние го слушавме што има да каже тој, зашто сепак има повеќе познавање во оваа музика. Нашиот успех е заемен односно тимски, не е индивидуален.

Така, сметаме дека колку што добивме ние од неговите обработки или аранжмани, толку доби и тој од нас, да дознае дека сето ова го поседува или го има внатре во својата музичка дарба“, изјавиле Мартин и Стефан.

Со нашиот концерт покажавме дека македонскиот народ е желен и за македонските музичари. Тука се случија и други концерти на македонски изведувачи на кои публиката покажа дека си ја сака музиката.

Нормално е да се носат изведувачи од страна, но сметаме дека организаторите треба да создадат повеќе можности за македонските музичари“, додале тие.

– Се трудиме да ги балансираме разликите затоа што сега нас нè спојува и работата, а тоа е музиката. Искрено, знаеме да се налутиме еден на друг, но и да попуштиме и да не трае тоа многу долго, бидејќи од голема лутина нема добри резултати.

Така што, се прават компромиси и од една и од друга страна. Интересно е тоа што на крајот од денот кога ќе се најдеме на сцена, функционираме како едно.

Сметаме дека секој којшто се занимава со музика треба да истражува, импровизира и креира различни дела. Не би било добро да си ограничен од непознавање музика, тогаш не би требале да се занимаваме со неа.

Така и ние, во крвта наша е да испробуваме нови правци, да креираме нешто ново, макар и нов аранжман на стара традиционална песна“, изјавиле „Некст тајм“ за Женски магазин.

Како што е познато, „Некст тајм“ се сега на турнеја низ Австралија, а со нив свири Николче Мицевски, а на турнеја заедно со Мартин и со Стефан е и Влатко Лозаноски- Лозано.

Сега во моментов, македонскиот музичари се во Мелбурн, и ставаат дпста интересни слики од таму, а претходно беа и во Сиднеј и во други градови.

А, нашата фолк пејачка Татјана Лазаревска која со семејството живее во Австралија била во Мелбурн на пробата за нивниот концерт, се дружела со нашите музичар и напишала:

-Задоволство е да се слушаат овие прекрасни музичари. Некст тајм, Николче Моицевски. Генерална проба пред вечерашниот наста. П.С. Заради оправдани причини ќе го пропуштиме овој спектакл“, напишала Татјана.

Потоа шернала уникатно видео и на него се гледа како изгледа пробата на Мартин и на Стефан во Мелбурн, а во неа ја пеат песната „Нешто ќе те питам бабо“.