Водителката Спасија до неодамна беше дел од емисијата „Урбан таг“ на „Тв 21“. Таа засега го напушти телевизискиот живот, а имаше и добра причина.
А инаку, Спасија Вељановска ја знаеме од фреквенцијата на МТВ, каде што ја водеше познатата детска едукативна програма „Ѕвон“.
Поради смислата за хумор им е интересна и на нејзините следбници на Тикток. Видеата од Токток, таа ги споделува и на Фејсбук и главно се врзани со шеги на нејзина сметка.
Видеата се на српски јазик и Спасија одлично ги глуми „дамите“ кои зборуваат за својот изглед.
„Ме мотивираат многу работи: успешни животни приказни, луѓе со убава енергија, ме мотивираат и инсппирираат советите од татко ми. Од луѓе што биле, виделе, допреле искусиле дел од светот“, вели Спасија за она што ја мотивира.
Спасија на почетокот од 2021 година се омажи за Џек, македонец кој долги години живее во Австралија. „Пливам веќе 9 месеци со мојот сопруг Џек.
– Бракот со него ми е најдобрата донесена одлука во животот. Ветувам дека и преку океанот ќе продолжам да ве смеам. Време е за промена своето новинарско искуство ќе го применам овој пат во друга земја’, изјави Спасија за весникот ВЕЧЕР.
„Се запознавме преку наша заедничка пријателка, а потоа комуникацијата продолжи на интернет.
Бидејќи тој живее во Бризбејн, Австралија, поради временската разлика од 8 часа најголема жртва ја поднесе тој. Станува во 3 часот наутро пред работа за да имаме повеќе време да си поприкажеме“, рекла Спасија додека одржувале врска на далечина
Џек на оригинален начин ја побарал Спасија за жена, додека му правела макарони со зборовите: „Бејб, ќе ми правиш ли макарони целиот живот?“.
Планираната свадба за жал се одложи поради пандемијата, а Спасија и Џек се немаа видено шест месеци, тој во Бризбејн, а таа во Скопје.
За својот сопруг, таа вели дека најмногу го сака затоа што е упорен, истраен, вреден, убаво воспитан, точен на време, џентлмен, но и знае што сака. „Го сакам и затоа што е и голем гурман исто како и јас.
Го сакам затоа што е авантурист, сака да патува. Го сакам таков каков што е не би менувала ништо кај него“, вели Спасија за својот сакан.
Среќата конечно им се насмевна на младенците. Сега, Спасија и Џек се во Автсралија и заедно му се радуваат на новиот почеток. За своите нови планови, водителката вели дека прво ќе скокне па ќе каже оп.
„Цели 15 години живот посветив на работата во медиуми овде, најмногу на телевизијата. Ми се отвара можност и таму да се занимавам со мојата голема љубов радиото“, рече Спасија.
Последниве неколку месеци откако е во земјата на кенгурите, водителката споделува слики од уживанциите со сопругот, а на една од нив се шегува: Се мажив Австралија, не ме барајте појќе.
А, Спасија откако се омажи во Австралија како да процвета. Нашата водителка објави слики со сопругот и покажа колку се среќни, а богами и заљубени.
Се гледа дека живото во оваа далечна замја и годи ама и љубовта од саканиот, па затоа толку убаво изгледа.