Пејачот од Ѕвездите на Гранд продукција Александар Јосифовски се подготвува за свадбата со својата сакана Теодора. Иако веќе живеат заедно, решија за своите најблиски и пријатели да направат веселба во Охрид.
– Бидејќи ќе биде сепак една голема организација, со членови од моето големо семејство, свадбата ќе се одржи во Охрид.
Се уште немаме одлучено која ќе биде локацијата на угостителскиот објект во кој ќе се одвива нашата свадба, но би требало да се знае во скоро време“, рекол Александар за Женски магазин.
– Како гости ќе бидат поканети сите од жирито на Гранд.Тоа ми е желба, да бидат дел од вечерта и секој од нив да си го испее својот најсакан хит на свадбата.
А забавниот дел би сакал да гоотсвират членовите на легендарната група „Дивље Јагоде”.
Сепак, музиката ја прави свадбата и ние сите како слушатели ќе уживаме во тоа. Сигурно микрофонот ќе патува од рака во рака во текот на целата вечер…“, додал тој.
По натпреварот во „Ѕвездите на Гранд“ каде во последната сезона стигна до самото финале, неговата кариера се движи по нагорна линија.
За тоа сведочи и тоа што неодамна доби покана од најголемата балканска ѕвезда Лепа Брена да замине со неа и нејзиниот бенд на турнеја во Америка.
Пејачот беше пресреќен што ја доби таа чест да настапува заедно со неа, па веднаш се пофали на Инстаграм.
Тој тогаш објави фотографија од аеродромот и откри дека е превозбуден што ќе настапува пред дијаспората во Америка.
Јосифовски откако замина на турнејата во Америка со музичката фолк легенда Лепа Брена си ги оствари своите соништа. Тој беше среќен што пејачката го избрала токму него да настапува со неа и веднаш ја прифати понудата…
Додека беше на турнеја во Америка заедно со Лепа Брена тој паралелно работеше и на нова песна.
Песната е снимена на Флорида, додека во Њујорк го снимаат спотот. И како што вели Александар за Гранд онлајн, композиторот со кого соработува веќе со години му испратил балада која веднаш му се допаднала, така што сега одвај чека да ја претстави пред публиката.
„Пресреќен сум што сé така излезе. Одвај чекам оваа балада да стигне до луѓето, да ја слушнат и заедно да ги поделиме тие емоции“, истакна тој.
Најдоброто нешто во 2022 е дефинитивно турнејата со Брена“. Потоа продолжување на соло турнејата поради добрата реакција на публиката.
Најлошото нешто што ми се случи беше, верувале или не, непристоен предлог од мажена жена. Тоа се случи за време на еден од концертите, за време на сликањето, а нејзиниот сопруг беше со нас цело време.
Ситуацијата беше критична во еден момент, но на крајот се добро се заврши“, рекол тој а во една српска телевизија, прозорел за неговите проблеми со алкохолот и ја раскажал целата приказна.
– Не знам како се случи, но премногу ми се допадна алкохолот, потоа следеше проблем. Сакам да кажам дека не пиев несреќен, пиев од среќа. Сè започна спонтано.
Секогаш ќе кажам, тие што знаат да пијат нека пијат, тие што не знаат не пијат и тука е крајот.
Ова го рече Александар во Утринска емисија во Србија и призна дека прво одбил да прифати помош, но Ѓорге Давид го убедил и го посетувал во болница.
„Го излажавме Поповиќ и Гранд дека сме во Австралија. Додека бев таму се јави Ѓорѓе и ми рече да не се грижам, само да го решам проблемот. Имаше приказна дека сум бил во Австралија, а бев на клиника.
„На почетокот ми беше тешко. Моите беа изненадени, не веруваа дека сум решен да престанам да пијам, ама имаа голема надеж дека ќе истраам“, кажал во Репортер Александар.