Naslovna Zivot Перо Антиќ призна дека е осамен, еве каква приказна сподели нашиот познат...

Перо Антиќ призна дека е осамен, еве каква приказна сподели нашиот познат кошаркар

Перо Антиќ во една прилика изјави рече дека се изненадил кога го поканиле во НБА, затоа што имал 32 години и не сакал да „му закуцаваат помлади“, како што рече..

„Знаеш кај нас како е, прва тема на маса, ако те закуца. Спонтано излезе и не сакав да бидам еден од тие што имале шанса да отидат а не отишле“, изјави Перо.

„Имав јас и претходно понуди, ама ги бирав парите, искрен да бидам. Трета мајка важи. Избрав да одам за помалку пари ама да го прифатам предизикот“, рече Перо.

Потоа додаде дека во исто време кога заминал во НБА, имал и понуда да оди во „Барселона“, но менаџерот му ја сменил кариерата на подобро.

„Со менаџерот не се слушаме после 10, а тој ми се јави во 11. Сакаш да одиш во НБА? Јас му викам: Што, Барселона пропадна? Не, само така те прашувам. И буквално испадна за пет минути да одам во НБА“, раскажа Перо Антиќ.

За своите три сина, Перо рече дека во ниту еден од нив не го гледа својот наследник. Лука и Павел се во кошарката, но тој не им прави никаков притисок, туку им дава поддршка правилно да се развиваат.

Перо за себе си рече дека е бунтовник со причина. „Таков е мојот карактер, имам и тетоважа: Мој живот, мои правила, но не со глава во ѕид. Сам создавам за себе и за својата фамилија и мислам дека треба да ги следам своите правила.

Инаку, ова го изјави во емисијата „Жешко столче“, а разговорот почна од тоа како Перо од обично момче станал НБА ѕвезда. „Јас сум обичен човек, обично дете од центар.

Едноставно, сите сме исти, без разлика што работиме. Едноставно, треба секој да да се почитува“, рече Антиќ.

Секогаш главата горе, животот е школо. Ако ја спуштиш, значи нешто те натерало“, одговори Антиќ.

– За тебе има многу трачеви и озборувања, ти пречи ли тоа“, го праша водителот. „Ни најмалку. Ми пречи кога ќе им снема имагинација на луѓето. Едноставно ги чекам да идат подалеку.“

– Единствена девојка којашто ја прошета јавно по рзводот е девојката којашто одеше по модните писти.

Дали е вистина дека каде што има чад има и оган“, го праша водителот Перо, алудирајќи на муабетите дека е во врска со Катарина Ивановска.

– Кај што има чад има секогаш оган, ама не знам за кои писти збориш. За модните?

Мислам, пратам мода, колку што можам пратам мода, се носам со модата, во Америка живеев“, рече Перо, а водителот искоментира дека Америка е центар на модата.

Потоа, Перо и катарина ја обелоденија својата врска, а недомна се објави дека раскинале, затоа што веќе не се ни следат на Инста.

Перо сега објави една интересна мисла на Инста стори која е поврзана со љубовта и вели: Ја знаеш твојата вредност, дури и ако станеш осамен“.