Naslovna Zivot Лидија Кочовска раскажала како љумоборна невеста за малку ќе ја подбрала, едвај...

Лидија Кочовска раскажала како љумоборна невеста за малку ќе ја подбрала, едвај се извадила

Лидија Кочовска еднаш има кажано дека има отворено 1500 свадби со песната „Ти си тој“ и рече дека веќе не ни ги брои. Имено, младенците ја бараат да им ја пее оваа песна за почеток на свадбите.

– Љубовта е најголема, кога сочувствуваш со нивниот комент, со таа еуфорија. Само од торта немам излезено. Секогаш сум изненадување, 90 проценти“, изјави Лидија во емисијата Еден на еден.

Потоа кажа дека таа пее како изненадување од кумот, од мајката и таткото на младоженецот, на невестата, од старосватицата, од другарките на невестата и потоа рекла како влегува во салата без да ја видат.

-Преку кујна, позади шанк, а вака ситна сум, па не се приметува дека сум скриена, хахахахха. Буквално сфати ме, само од торта немам излезено“, рекла Лидија, а потоа раскажала една ептен јака случка:

-Леле, има една ситуација, кратка ќе пробам да бидам… Во целата таа плејада на свадби, од младоженецот изненадување за невестата. Прво „ти си тој“, па сто празни места. И прво, Лиде како стоиш со датум, дали е ок?

Ја и он комуницираме, ама вика, планирам да биде изненадување од мене за жена ми идна. Они веќе се венчале во матично, уште свадбата останала. И вика ајде да се најдеме со бендот да го изорганизираме тоа.

Им викам: Дали имате доверба во мене? Да биде се тоа добро, ајде верувајте ми. Зашто точно знам како треба, и ако во нешто имам искуство…свадбарка жива сум.

Ќе се издоговориме нема проблем, само верувајте ми, и слушајте ме што ќе ви кажам. Ама, она така малце пољубоморна. Она се јавува цело време, он не ѝ дига телефон.

Јас, он и бендот. Пак она се јавува, повторно не дига телефон. И она тука почнува нешто сомнеж. Пред свадба, не ми дига телефон. Кој знае како се чувствувала.

Па веројатно и јас така би направила, јас така би изрегирала. И он ја гледа негде од далеку… Која непријатна ситуација. Трчаш, се криеш, до моментот до излегување на свадба.

Тоа е еден таков непријатен момент. Се чувствуваш крив, се криеш. Бегам, метак позади, да не ме види. „Зашто не ми дигаш?“ тука сцена, готово, пред развод, сфаќаш.

И првите две строфи ги пеам од песната, она мене не ме регистрира, си мисли дека сум женски член од бендот дека пее, не е Лидија. Она појма нема дека сум јас.

Возбудена дека „Ти си тој“ оди, ама она не знае дека сум јас. Дека јас од таму излегувам од позади. И кога сфати, се разлеа шминка, се одлепија трепавици. Предколапсна состојба.

И он вика: Дали гледаш сега зошто бепе, зошто не ти дигав јас тебе телефон? И тука се разјасни се, страшна една ситуација, тоа е момент што сум го запамтила“, изјавила Лидија Кочовска.