Јордан Митев уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн.
Таму има настапувано на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор.
Како автор досега има напишано доста голем број композиции кои што некои од нив се наградувани во Македонија.
-За овие години созреав и како пејач, и како човек. Почнав од 19 години и замисли како е да почнеш на тие години сам и да си од провинција. Не е лесно.
Затоа навистина низ годиниве како еволуирав како човек и како маж, така еволуирав и како пејач. Кога гледам што сум правел пред 10 години смешно ми е.
Но, такви биле годините, такво било размислувањето, сум мислел дека така треба и секогаш сум се трудeл да бидам оригинален.
Да ми рекол некој пред 10 години дека ќе правам песни како што е „Жена за 100 години“, „За тебе“, „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ немало да поверувам.
Денес мерило за успешна песна се прегледите а според тие е одлично. А прегледите за фолкери се многу мали. Медиумите многу малку пуштаат фолк музика.
Тешко е фолк песна да стане хит за еден месец, потребно е време. Но, сметам дека на фолк сцената треба нешто свежо и нешто да се менува.
Нека има примеси на фолк но треба промена и во имиџ и во визуелизација, треба нешто модерно. Времето на аматеризмот е поминато.
На нашата сцена недостасува квалитет и сите ние треба да си го признаеме тоа, изјави Митев во една прилика за ММС.
Митев по своето средно образование продолжил на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.
Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари.
Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од кој што Митев собрал големо искуство.
Јордан направил нешто многу уникатно за своја обожавателка, а тоа е изненадување кое на Фејсбук Тијана Тодоровска го опишала вака:
– Повторно 25ти Април и роденден на личноста што значи СЕ НА СВЕТОТ за мене. Мама знаеш дека си единствена и дека те обожавам. Ти си среќа. Ти си поддршка. Ти си поим за храброст.
Заслужуваш се што е најубаво и најдобро на овој злобен свет,заслужуваш многу повеќе љубов од таа што јас се трудам да ти ја пружам секоја секунда од овие 22 години,заслужуваш да си најсреќна барем приближно колку штo јас сум среќна што те имам за МАЈКА.
Свесна сум дека понекогаш имам мали испади кон тебе но знај дека ништо не е злонамерно иако секогаш ме разбираш и ми простуваш сепак ТИ СЕ ИЗВИНУВАМ и ТИ БЛАГОДАРАМ!
Ова е едно мало изненадување и поклон од мене и најмалку што можам да направам за тебе затоа што заслужуваш мнооооогу повеќе. Се надевам дека барем малку ќе бидеш СРЕЌНА и ВОЗБУДЕНА зошто знам колку го сакаш ЈОРДАН МИТЕВ и неговите песни.
Уживај во овие 2 минути и во секоја наредна минута од животот. Најсреќна да си ми! Те сакам. Благодарност ГОЛЕМА до нашиот Јордан Митев за соработката“, напишала Тијана и објавила видео од Јордан Митева како пее за мајка ѝ. Видеото можете да го видите ТУКА.