Naslovna Zivot Јадев само леб со јогурт, и така штедев: Лепа Брена ја отвори...

Јадев само леб со јогурт, и така штедев: Лепа Брена ја отвори душата за тешкиот живот

Лепа Брена, иако е многу голема ѕвезда, во една прилика, таа за себеси раскажа во што е многу лоша.

„Јас сум многу лоша готвачка. Многу сум подобра организаторка. Готвам само ако морам или ако децата ми побараат. Инаку, знам сè да готвам“, изјави Брена.

Таа раскажа за своето детство во Босна и Херцеговина, во градчет Брчко каде што пораснала. Детството не ѝ било многу лесно.

И ако ме прашате кој е најубавиот спомен кој веќе на себе си не можам да си го дозволам, тоа е да го замесам лебот навечер, утредента да го испечам, и потоа да го јадам со домашен путер и со оној познат џем од сливи кој во себе ги имаше и лушпите.

Некои можеби претпоставуваат дека денес нашата куќа мириса на парфеми и на некои вештачки мириси, но сепак, нашиот дом најмногу мириса на храна.

Големо семејство сме, сакаме да се собереме на маса и заедно да јадеме, тоа ни е традиција, само што јас некако се научив да живеам под рачна кочиница поради љубовта кон мојата работа и поради почитта кон моето здравје.

Во овие години, треба многу повеќе да се негуваме“, рече Брена која со Боба Живојиновиќ прослави 29 години брак. „Мислам дека на овие наши простори е многу здодевно ако речете дека живеете еден нормален живот.

И тие написи се нешто што ги одржува читателите на порталите. На таквите луѓе не им е интересно ништо што е нормално.

А ние сме едно нормално и здодевно семејство. Медиумите нека си работат својата работа, ние нема да демантираме“, рече Лепа Брена во една прилика.

. Таа ретко знае во јавност да го пофали својот сопруг Боба, но кога ќе го пофали, тоа е со многу убав опис.

– Тој е една многу комплексна личност. Тој ги научи нашите деца дека ако сакаат да бидат хедонисти, во тој случај треба да заработат доволно пари за да можат да живеат таков живот.

Ги научивме дека од нас го наследиле брендот, името и презимето на своите родители, а својот бренд и почитувањето од луѓето ќе мораат самите да си го изградат. Ако сакаат да живеат богато, треба да ги засукаат ракавите.

Нашите синови се добри момчиња, но Боба е едноставно човек кој страстно ужива во својот живот, сака големи ангажмани и големи дела.

Она што кај него е карактеристично е тоа што не сака да се експонира во она кое што го постигнал“, рече Брена за својот Боба.

Пејачката во едно неодамнешно интервју пред публиката реши да сподели моменти од својот пораен живот пред да стане една од најпознатите музичари на Балканот.

 

Пејачката се појави во друштво на својот сопруг Боба Живојиновиќ и откри работи кои многумина не ги знаеле, објави хрвстакиот сајт 24 сата.

– Заштедував пари јадејќи леб и јогурт. По февруари, во март ми дојде преку глава од сето тоа и решив некако да го земам животот во свои раце – вели таа во објава на социјалните мрежи.

– Немав богати и моќни родители и отидов во Брчко. Потоа ги запознав „Слатки грех“ и им реков дека конечно треба да имаат добра пејачка и дека мора да слушнат девојка која знае да пее – продолжи таа.

– Ми рекоа дека е многу дрско, а јас им одговорив дека сум дрска токму затоа што знам дека ги поседувам тие квалитети – заклучи Лепа Брена.