Тамара Тодевска неодамна беше во Лондон каде што имаше настапи шред нашинците, а потоа во Белград, каде што објави доста слики од гостување во тамошните телевизии.
„Нијагара“ го освојува регионот, а искрено се заблагодарувам на големата медиумска поддршка во Србија. Во подготовки сме на нови песни, концерти и гостувања. Брз ритам, динамични видеоспотови и текстови за сечија душа“; напиша таа на Фејсбук.
– Секогаш е задоволство да се биде во Белград, градот за кој ме врзуваат преубави моменти. Деновиве имам повеќе гостувања во Србија, на ТВ и радио станици, во рамки на промоцијата на „Нијагара“, додала таа
Нејзината нова песна ја посвети на сите луѓе што во одреден момент се почувствувале ранливо и разочарано“, објави Слободен печат неодамна.
Иако е многу емотивна личност и животот ѝ се промени откако минатата година се разведе од сопругот, Тамара Тодевска вели дека кај неа воопшто не е сѐ така црно.
И додека наголемо се подготвува да промовира нови песни на регионалниот пазар, најважни ѝ се локалните, домашните случувања – доброто на нејзините деца, Хана и Дарен, за кои со нивниот татко, Александар Димитровски – Мачка, заеднички се грижат.
За првпат во јавноста, поп-ѕвездата зборува за разводот и за тоа колку ѝ била болна и стресна разделбата со Мачка, како и за своето сегашно секојдневие со децата.
Важна фигура во нејзиниот живот е сестра ѝ Тијана, а хероина за неа е Лила Стојановска, на која ѝ даде голема поддршка откако објави за нејзината борба со ракот на дојка.
– Секојдневно комуницираме со Мачка. Ние имаме две деца, кои, пред сѐ, сакам да имаат среќно и исполнето детство.
Хана и Дарен имаат двајца родители, и за мене многу здраво и нормално е да продолжи комуникацијата меѓу родителите и откако ќе се разделат.
Тоа е во интерес на децата, кои се во специфичен период, затоа што се релативно „мали“, но апсолутно сѐ разбираат. Тие сега растат, стекнуваат навики и го обликуваат својот карактер.
Затоа одговорноста на родителите е голема, а среќата на Хана и Дарен е наш императив. Во секој брак, во секоја врска е различно. Нема унифицирани и единствени правила.
Партнерите најдобро знаат кога бракот/врската повеќе не функционираат и решаваат да се разделат. Повторно ќе кажам, при разделбите многу е важен интересот на децата.
Во никој случај не смееме да ги пренесеме разочараноста и гневот кон децата и тие да претставуваат пинг-понг „топче“, рекла Тамара, а потоа додала:
Ако кажам дека ми беше лесно – ќе излажам. Секоја разделба е болна и стресна и тоа не се срамам да го признаам. Некако многумина сакаат да зборуваат дека веднаш продолжуваат напред, дека и разводот може да биде нова можност…
Не знам, не влегов во тој филм, затоа што според мене, никогаш не треба да ги криеме емоциите и себеси да се залажуваме. Имам две прекрасни деца, опкружена сум со искрени пријатели, ја работам работата што ја сакам и не е воопшто сѐ така црно.
А Перо Антиќ и Александар Димитровски кој е познат по прекарот Мачка се добри другари и често знаат да шернат стори од заедничките нивни дружења.
И сега се појави едно стори кое го сподели Перо, а на сликата се со пријател на пиво. Сликата делува како Мачка да има повод за частење затоа што пријателот дал интересен опис.
– Ајде Мачка, тргна возот, стои во стосрио, а потоа пишува: Шкода октавија нова, што значи дека изгледа поранешниот на Тамара се подновил со нов автомобил, а останува да видиме дали ќе се пофали со неа.