За поздрав е кога делото на некој наш великан се одржува во живот и неговиот лик не се заборава. Таков е случајот со последниот македонски цар, актерот од Македонските народни приказни, Ѓорѓи Колозов.
Адиминстраторот на Фејсбук страницата на Ѓорѓи Колозов, која брои 133 илјади обожаветли на делото на познатиот наш актер, последниот македонски цар секогаш пишува вредни нешта за напито актер а се вика Горан Марковски.
Тој освен што споделува спомени од Колозов, цитати од легендарните приказни, не ги заборава и другите наши познати и признати актери, со кои Ѓорѓи ја делел сцената и животот, како на пример Стојна Костовска.
-На отварање на фестивалот Денови на комедија 2021 година во Куманово нашата позната актерка Стојна Костовска ја доби востановената награда Васил Иљоски за уметнички дострел во актерска игра од областа на комедиографијата.
Актерката на неколку пати спомена дека е горда што ја добива оваа награда и посочи дека наградата е дел и од нејзините карактери во Македонските народни приказни.
Честитки“, стоеше на страната на Колозов во една прилика.
На 26 февруари, „последниот македонски цар“ Ѓорѓи Колозов ќе наполнеше 75 години. Тој е роден на 26 февруари 1948 во Богданци, а се упокои на 13 октомври 2003 во Скопје.
Колозов беше еден од најпознатите глумци во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ.
Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави на Балканот.
А на 13 октомври ќе се навршат точно 20 години откако го загубивме легендарниот актер, идолот на многу генерации кој уште живее во спомените на народот.
На една од годишнините од денот кога го загубивме Колозов, идолот на многу генерации кој уште живее во спомените на народот, на страницата на Ѓорѓи беше напишано:
“Шенке, ова е тоа” беа последните зборови на царот пред да престани да чука неговото срце засекогаш…си замина кон бесконечноста, полн со желба за живот, да се радува, да твори, да се смее…
Сцената живот, пуста…срцата, празни…и нема ништо по присутно од неговото отсуство…
Присетете се денес на царот на приказните, бидејќи прерано го истрча својот пат, краток, но славен!
Сполај ти за сите убајни и добрини што ни ги пружи! Те сака и милува едена цела нација!
Нека ти се бесконечно многу години честити царе, таму каде што си нема болка и тага, саде убајни царцки! Си спомнуваме за тебе! Слава ти!
Посветил/напишал: Горан Марковски, администратор на неговата страница!“.