Ване Маркоски е еден од најпознатите ТВ и радио водители во Македонија. Долго време не забавува пред малите екрани со неговите емисии кои се со најразлични тематики, а важи и како голем љубител на животните.
Моментално е актуелен на Македонската радио телевизија како водител на Утринската програма, од каде што редовно се слика со своите колешки во студиото, а води емисија и на радио.
А, инаку, минатата година, по шест години поминати во комплексот „Џевахир Скај сити“, од каде што редовно објавуваше фотографии, водителот Ване Маркоски реши да го смени местото на живеење.
Маркоски се пресели во Сопиште, и вели дека ужива во мирот и во тишината на своето ново маало, и во оваа пригода, тој за Женски магазин изјави:
– Многу ми беше лесно да се одлучам на ваков чекор. Ако пред 6 години сакав град, гужви, бука, раздвиженост, сега веќе сум во некоја друга фаза од животот.
Ми беа потребни мир и тишина. Долго размислував да направам куќичка некаде уште подалеку од центарот на Скопје, дури и гледав плацеви во Маркова Сушица.
Во последен момент, по препорака на мојата колешка од МТВ, сега веќе и сосетка Јована, решив да го видам станот во Сопиште. Доволно беше само една посета таму. Мирот и спокојот ме освоија од прво гледање и знаев дека е тоа тоа“, раскажа Ване.
– Мислам дека беше 2009-та кога од Тетово се преселив во Скопје, таман кога требаше да запишам трета година на факултет. Случаен сплет на околности да дојдам во Скопје, и ете да останам 14 години.
Прво живеев во Кисела Вода, па Карпош, Аеродром, Центар. Во овие населби се „врткав” сите тие години до 2017-та. Убави години, цимери, преселби, искуство. Не е малку време. Уште малку скоро половина од досегашниот мој живот“, откри Ване.
На неговиот Фејсбук профил често можат да се видат апели за помош на животни, како и споделувања да се вдоми некое од нив.
-Ако веќе чувате куче, не го напуштајте кога е сфатите колку љубов треба да му давате. Еве, ајде да почнеме од тоа, па да видиме понатаму.
А, кога во животот би имал финансиска можност, би направил стационар за нив, каде што вработени луѓе би се грижеле и би им давале љубов и внимание. Не заборавајте дека и тие имаат душа“, изјави Ване во едно интервју.
Тој сепак смета дека нашиот народ има голем свест. „Имаме, и тоа многу голема свест. Гре ота е ако некој го тврди спротивното. Сведоци сме биле на голем број акции, каде од нас зависеле многу работи, акции кои завршувале успешно за само неколку часа.
Е сега, жал ми е што не многу кај нас е развиена, онаа спиритуална интелигенција, која работи на зголемување на колективната свест кај луѓето.
Кај нас, прво нешто треба да се случи, за да се разбудиме, а никако не ни текнува да превенираме. Тоа ми пречи“, додаде Маркоски.
Познатиот водител е инаку оптимист и има изјавено: Верувам дека во секоја ситуација, секој човек треба да ја гледа позитивната намера. Верувам дека и оние луѓе кои не прават добро, сакаат помош“, рече Ване.
А, на новите слики кои ги објавил, се гледа дека на Ване баш му тргнало во животот. На едната слика, тој е покрај вила со приватен базен со многу зеленило околу него.
Потоа на друга слика тој објавил како опуштено си пие кафенце и за појадок си јаде свежо овошје.
Ова се всушност слики од посетата на Сани Бич на Ване каде што бил со пријатели, а исто така Ване со друштвото се прошетале и низ Солун.