Naslovna Zivot Сузана Спасовска се пофали со важни вести, Росана Сариќ меѓу првите честиташе

Сузана Спасовска се пофали со важни вести, Росана Сариќ меѓу првите честиташе

Сузана Спасовска, легендарната пејачка на народни песни, е солист првенец на ТАНЕЦ. Таа во интервју за ИН ТВ открива дека во ТАНЕЦ е повеќе одгодини, но како надворешен член со нив соработува долги години.

-Како надворешен член со ТАНЕЦ соработувам многу години, меѓутоа официјално како солист првенец сум веќе скоро десет години. Како надворешен соработник јас доста патував со Танец, така да ако ги броиме сите тие години тоа се навистина доста години.

Многу сум среќна кога сум со нив, бидејќи и самото утро ми почнува прекрасно со музика, со колегите ќе се напиеме едно утринско кафе и ни почнува со песна, со музика и игра.

Некогаш ни недостасува кога имаме неколку слободни денови и првиот ден кога ќе отидеме на работа велиме лелее, чудно е без тие луѓе нели, се навикнуваш.

Тоа е една таква екипа која што ја бива и за пиење кафе, а и за песна и игра.-раскажува Спасовска, за гледачите на ИН ТВ.

-Секогаш треба да се биде поразличен, доколку сакате да бидете забележани и да постигнете фантастичен успех. Ако не бидете поразлични, ако се претопите во стадото, тогаш кој ќе ве забележи?

Јас така сум размислувала од почетокот на кариерата, значи сè што е направено, не е воопшто случајно. Така сум размислувала, дека треба да направам една своја стратегија, по којашто ќе чекорам во текот на кариерата, значи чекор по чекор, јас сум ја градела својата кариера.

Многу ретко се случило нешто да дојде случајно. Сето тоа си било осмислено од мене.

Секако на почеток, си почнуваш сам, па се надоградуваш во текот на кариерата со соработници, си го градиш својот тим, и така малку по малку, доаѓаш до луѓе околу тебе кои ставаат едно камче во мозаикот наречен Сузана Спасовска.

Сам човек не може да опстои на сцената“, изјави Сузана за Женски магазин и додаде: И оние кои блие пред мене, нашите големи легенди не биле доволно испочитувани во времето во кое живееле.

Сите ние не можеме сите награди и признанија да ги добиеме додека сме присутни на земјата, додека живееме, но јас воопшто не се заморувам со тоа.

Мене ми е најважно да оставам материјал, проект, музика зад себе, за да можат другите генерации да видат што сè се работело во едно време.

Како ние што сме учеле од нашите легенди, тие ако не ни ги оставеле тие песни на некои носачи на звук, ние немало да можеме даги слушаме, да ги обновуваме да ги пееме денес.

Така и јас сакам да оставам само еден белег во времето во коешто живеам. Како што земам од музиката, така сето тоа повторно го враќам назад, во проектите, значи вложувам , од првиот момент многу вложувам.

Не само што се вложувам себеси како личност, со многу откажувања од многу работи во животот, многу се вложувам себеси, а вложувам и финансиски. Она што јас ќе го земам од музиката, јас повторно го враќам во музиката.

А Сузана на Фејсбук се пофали со важни вести и напиша:

– Драги мои пријатели, одејќи по патот на македонската песна овие 37 години, добивав признанија и награди кои се многу значајни и единствени за мене како уметник.

Големо благодарам за признанието за животно достигнување во категоријата легенди, на “Фолк вечерта на популарноста 2023”. Ова е уште еден поттик за создавање на следни проекти, оставање личен печат во едно време и патека по која ќе чекорат следните генерации.

Благодарам за преубавите зборови на почитуваниот г-дин Григор Копров кој ми ја врачи наградата, и голема благодарност за преубавата креација на мојот драг пријател Aleksandar Preffo Raskovic .

Благодарност до организаторите за укажаната чест, од се срце посакувам долготрајност на манифестацијата“, напиша Сузана а Росана Сариќ и честиташе со овие зборови: Една и единствена, честитки!