Naslovna Zivot Стојне во ептен специјално друштво и издание, овие двајца мажи ѝ го...

Стојне во ептен специјално друштво и издание, овие двајца мажи ѝ го чуваат грбот (ФОТО)

Нашата позната фолк- пејачка Стојне Николова за естрадниот магазин Естрада плус откри дека за скоро време ќе следува уште еден голем проект кој што ќе биде во соработка со врвни музичари.

-За во иднина спремам навистина уште подобар проект можам така да кажам слободно.

Засега нема да откријам многу детали бидејќи се работи на тоа, проектот ќе биде во соработка со двајца мои колеги, со едниот од нив веќе сум соработувала.

Можеби гледачите ќе претпостават за кого се работи, а со групата не сум соработувала и ќе имаме интересна можност во оваа прилика да соработуваме.

Стојне гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни нешта.

Зборуваше за тоа колку родната Струмица ѝ недостасувала во памдемијата. Кога имаше 18 години, по чина таткото на Стојне, а таа оваа загуба тешко ја прифати.

– Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме.

Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.

Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка.

Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.

– Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано. Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, боидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.

– Се уште не сум го дала својот максимим, затоа што сум многу срамежлива, јас сум девица во хороскоп“, додаде Стојне.

– Со музика почнав да се занимавам од мојата 15-годишна возраст, а веќе следната година ја снимив и мојата прва авторска песна. Растена сум со нашата убава стара традиционална песна и таа ми е во душата, а во школските денови повеќе пеев поп.

Кога би требало да изберам кој жанр го преферирам повеќе, навистина не би можела да се одлучам бидејки за мене жанрот не е битен, битно е само да е музика…без неа не можам.

– Имам добиено повеќе награди во Македонија, а и во Бугарија. Ќе набројам дел: Награда за најдобар дебитант на Валандово фест 2019, трета награда на Охрид Фест 2016.

Потоа, награда за најдобра интерпретација на Пирин фолк 2017, Прва награда од публика на фолк летен хит 2019 и други“, рекла во една прилика Стојне за Женски магазин.

А Стојне Николова е на слика на профилот на пејачот Цаки од Кисми, ама и други негови колеги кои биле на заедничка веселба. Стојне на Инста се пофалила дека добила награда за фолк вечер на популарноста, а тоа е статуетка со нота.

Потоа, шернала видео на Инста стори како настапува во долг жолт фустан со шлиц. А на сликата која ја објавил Цаки е и Јасмин, сопругот на Сузана Гавазова.

Тој се гледа во пзоадина, но двајцата мажи и го чувата грбот на Стојнето. Едниот е Цаки а другиот е Бобан Мојсовски, кој е нејзин верен соработик и пријател, и во една прилика таа ги има демантирано гласините дека се во врска.