Naslovna Zivot Росана, бившата на Коки Јанков објасни што жените треба да им кажуваат...

Росана, бившата на Коки Јанков објасни што жените треба да им кажуваат на мажите и објави своја многу јака фотка

На 23 септември оваа година, ќе се навршат точно десет години откако овој свет го напушти Душан Љубисављевиќ- Дуле, пејачот на познатото дуо „Дуле и Коки“.

На 23 септември 2013 година, Македонија остана во солзи кога медиумите објавија дека по чина еден од дуото – виолина и гитара.

Неговиот најблизок соработник, виолинистот Никола Јанков- Коки, пред три години со емотивен статус се присети на својот другар и колега со кого помина 20 години во добро и во лошо. Објавата ви ја пренесуваме во целост.

-Се враќам од свирка, од Струмица брат, па ми се сврте у главата, и викам да ти напишам уште едно писмо.. ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, да не речеш абе Кочо седум години ми досаѓаш, дај олабави.

Брат, не знам дали да се смеам дали да плачам. Знаеш, се ми доаѓа дека од негде ќе се појавиш и тоа најчесто коа свирам ми се случува, абе „фатаморгана“. Можеби па, сеа дури сфаќам дека стварно те нема, а..?

Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле да знаеш, особено при крај на свирката.. ја темпирам ‘колку треба да се плати’ ќе стиснам заби, им ја пеам, и они пеат, ама на таа не плачам, тешко ми е да плачам на таа, глеам они плачат…

На овој ден коа ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли.. не сум ти кажал тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно, и Сале е со нас.

Ти стално, коа ќе спомнев Господ, се викаше, ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сеа дека ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели.. добро е таму.

Овде е зезнато малку, мош малку повеќе. Има некој вирус, и ако го закачиш јако, за скоро умираш, ама некој ќе го фатат и ништо не им е.. поима неам… ваљда си чул.

Макфест прв пат оваа година на плоштадот се одржа, на отворено, не у домот на културата, заради тој вирусот, 35год јубилеј..Таму пак не’ заборавија и двајцата, али нема везе.

Со Марија, сестра ти, ќе се сретнеме понекогаш. Нејзините две и од брат ти три, пет внучиња имаш. Не им ги памтам имињата, едното од брат ти се вика Душан Љубисављевиќ, знам, по тебе.

Да знаеш дека не престанувам со музиката, а ми има дојдено многу пати да баталам, ама има песни бе брат што треба да се пеат и да се свират. Помладите поима немаат кој биле Дуле и Коки ама песните ги знаат, глеаш.

Не знам шо сакав друго да ти кажам.. Знаеш што.. нема да биде ова последно писмо, ќе ти пишам пак, за некое време.. 7, 23.09.2020

Коки пред неколку години се раздели од сопругата Росана Петреска, којабеше портпарол на АМСМ. Коки и Росана важеа за среќен и складен пар и јавноста ја изненади нивната разделба.

Сега, тие се во добри и пријателски односи, а Росана го поддржа Коки кога сними нова песна, а Росана во една прилика за Независен весник изјави:

-Бескомпромисна сум и не прифаќам изговори од типот „немам време, имам премногу обврски, имам деца…“ Жената е дама од своето раѓање и не треба многу време ниту пари за тоа да дојде од израз.

Потребна е само желба. Без оглед што правите и дали некаде излегувате или останувате дома, чиста и средена коса, лак на ноктите и малку кармин на устата можат да направат да се чувствувате како најубавата жена и кога чистите и кога спортувате.

Мојот совет до сите девојки и жени е дека одраз на женственоста не е длабокото деколте или мини-сукњата.

Вистинската женска убавина се гледа од сјајот во очите, од ставот и држењето на телото, од начинот на кој гестикулирате и начинот на кој зборувате. Никогаш не престанувајте да се грижите за себе“, изјавила таа.

А Росана сега објавила нејзина нова фотка на Фејс на која одлилно изгледа и кажала една интересна мисла која вели: „Жените треба да им кажуваат на мажите дека тие се силните.

Тие се големите, тие се силните, прекрасните. За волја на вистината, жените се оние силните. Ова е само мое мислење, не сум професорка“, стои во описот на оваа слика.