За време на пандемијата, Познатата фолк пејачка Сузана Гавазова изјави дека најмногу ѝ недостигаат патувањата од една во друга земја, но дека тогаш повеќе од било кога се одморила и ужива со семејството и девојчињата.
Гавазова, неколку викенди во живо тогаш ја забавуваше јавноста со свои лајф концерти, како што рече тогаш таа, тоа што го правела е важно и барем за момент граѓаните да заборават на коронавирусот.
„Презадоволна сум од одзивот на граѓаните на моите лајф концерти, не очекував толку многу луѓе да ме гледат и да уживаат во тоа што го презентирам.
Сакам да ја искористам приликава и да им се заблагодарам на сите и да ги поздравам“, рекла тогаш фолк пејачката за Женски магазин.
Сузана, исто така додала дека во далечна Автсралија за време на нејзините концерти во живо било утро, 06:00 часот но, таму луѓето станувале за не го испуштат концерот на Гавазова и да уживаат со неа.
-Дома ми е многу убаво, никогаш немам така убаво одморено. Со децата сме креативни повеќе отколку што бевме, учиме заедно, цртаме, пееме, играме, учиме стихотворби, навистина ни е забавно“, споделува Сузана.
Сузана е мајка на две девојчиња, Емили и Селена, за кои вели дека покажуваат афинитети кон музиката.
„ И двете имаат желба да пеат, јас не им ја наметнувам музиката, тие сами покажуваат афинитети кон музиката, кон пеењето и танцувањето“, вели фолк дивата.
По долгата едномесечна турнеја низ Австралија, Сузана Гавазова се врати на домашен терен во родната Струмица.
Турнејата беше полнење на професионалните аспирации, но и полнење на паричникот пред свадбената сезона од која повторно ќе продолжи со настапи под полна пареа.
За убавите спомени и доживувања преку песни и ора, Сузе пред полетување им се заблагодари на нашинците таму и им порача:
„Секогаш ќе ве носам во срце дрги Македонци и ви благодарам за се’“- пишува во кусото видео кое осамна на нејзините „стори“ на Инстаграм кои постојано се редеа едно по друго“,објави Вистина. мк неодамна.
Кога се вратила дома, на врата ѝ се фрлиле во прегратка нејзините две ќерки со кои долго време беше разделена, а на социјалнире мрежи таа го објави овој емотивен момент.
Веруваме дека радоста кај малите принцези продолжила кога мама ги отвори подароците кои им ги донесе од Австралија, а тие ги чекаа.
А, Сузана Гавазова откако се вратила од Австралија веднаш била на настап во Македонија. Се сликала со своето семејство, со сопругот и со ќерките на настан каде што била најуникатно облечена до сега.
Потоа, музичарот од „Мерак меана“, Гокса виолина објаснил за што станува збор. Сузе добила награда на настан кој се одржал во Кочани, тој и доделил награда, а на повеќе сториња се гледа Сузе како пее.
Она што доаѓа до израз е нејзиниот аутфит, сукњата со шлиц и нејзиното играње на песната „Бум, бум“, и по сторињата се гледа дека Сузе како ѕвезда била пречекана.