Анета Наковска е долги години присутна на македонската фолк естрада, уште од кога беше многу млада. Таа има настапувано на доста турнеи и веселби кај нас како и во дијаспората, за нашинците со нејзините песни и со македонски народни песни.
Но, Анета не секогаш се занимавала само со музика, таа во една прилика раскажала дека сепак имала и друга професија кога не е поврзана ниту со музиката, ниту со естрадата или музичкиот бизнис.
Всушност, таа сменила неколку професии пред да се реализира во музичкиот бизнис.
Анета во едно интервју има раскажано дека нејзина прва работа била во агенција за недвижности. Подоцна, таа почнала да заработува работејќи во фирмата на нејзините родители.
Но, тоа не било се за Анета, таа се обидела и како книговодител. Потоа, работела и на шанк во кафеана која била сопственост на нејзините родители. Тука не застанува приказната за промената на професиите на убавата и згодна Анета.
Таа била вработена и во еден мобилен оператор. На почетокот, работела во правна служба, за подоцна да премине во продажен салон. Нашата позната фолк пејачка во една професија се задржала најдолго, а тоа не е музиката.
Таа најдолго се задржала во инфо-центарот на истиот тој мобилен оператор. Девиза на Анета е за тоа дека човекот треба секогаш чесно да работи.
Таа се согласува со онаа стара народна поговорка- џабе работи, џабе не седи. Анета во една прилика рече дека тоа е всушност нејзиното животно мото кое ја води во текот на животот.
Таа се омажи за Спирe, кој е нашинец од Америка и со него живееше во Велгошти, охридското село во кое имаат и свој ресторан а е отворен во нивната куќа.
Но, тие имаат уште еден дом, а тоа Сарасота, блиску до Тампа, еден од поголемите градови на Флорида во Америка.
– Судбината ми била, како што велат: човек токму тоа што не го сака, тоа му доаѓа на глава. Порано не можев да се замислам себеси да живеам во странство, особено во Америка. Ми беше навистина тешко да се прилагодам.
Сама тука со сопругот, далеку од моите најмили, од моите сакани. Имаше една таква првобитна бура, којашто некако помина. Некако човек се помирува со тоа дека ете, каде ти е мажот, таму ти е домот.
И полека се адаптирав, со тоа што не живеевме постојано тука. Одевме по неколку месеци и во Македонија. Тоа ми беше олеснителна околност. Таа адаптација помина одамна, меѓутоа никогаш не сум сакала да прифатам да живеам засекогаш тука.
Дефинитивно. Можам да кажам дека сега ги живеам моите најубави денови. Кога си го најдов вистинското друштво, вистинска екипа на луѓе, коишто се, да речам, моја крвна група, кога имам вистински пријатели околу мене.
Некако сѐ е полесно, сѐ е поподносливо. На сѐ човек гледа со повеќе позитива, кога имаш поддршка од луѓето околу тебе“, рекла Анета за Женски магазин.
Анета Наковска сподели слики од својата приватна архива, и е сликана со доста познати личности, а може да се забележи дека на една од сликите е со Татјана Стојановска.
Потоа, на истата слика е и Лепа Брена, а има слика и со Аца Лукас. На едната слика, Анета е сликана до една екс Ју ѕвезда од забавната музика.
Станува збор за Дорис Драговиќ, познатата хрватска пејачка со која е сликана Анета. Може да се забележи дека двете пејачки баш си личат на оваа слика.