Пејачката секогаш велеше дека имала прекрасен брак со нејзиниот покоен сопруг. Цеца во неколку наврати кажувала дека Аркан по дома е мирен и насмеан човек, а не опа сен како што го прикажуваат медиумите.
Во текот на петте години брак никогаш не се скарале, но Цеца признала дека на нејзиниот сопруг не му се допаѓало едно нешто кај неа.
Имено, бракот на Цеца и Аркан бил полн со толеранција, но додека Цеца не се мешала во работата на нејзиниот сопруг, тој имала одредени замерки за нејзината кариера.
Така, се наведува пример од времето кога пејачката го промовираше албумот „Девојко, вештице“. Во тоа време таа секогаш носела долга црвена перика, која ја имала во две верзии – кадрава и права.
Така се појавувала во сите емисии и видеа, но носела и перика по дома од навика, што малку му пречело на Аркан.
– Кога ќе дојдеше Жељко дома и ќе ме видеше со периката, ми велеше: Жено, тргни го тоа ќебето од глава! А мене, навистина ми се допаѓаше да имам долга црвена коса и кадрици, рекла Цеца.
Новинарите ја застанаа Цеца во дотерано издание и ја прашаа за нејзините децa, а Цеца рече:
-Моите деца веќе се пораснати. За Вељко не се секирам многу, тоа ви е јасно“, кажа низ смеа Цеца, па продолжи:
„Што се однесува до Анастасија, како и секоја друга девојка, внимателна е зашто никогаш не се знае дали ќе наидеш на имигрант или психички по реметена личност, тоа на секој може да му се случи, па дури и мене.“
По оваа изјава, веројатно Немања, дечкото на Анастасија малку ќе биде разочаран бидејќи Цеца не е сигурна дали тој ќе биде вистинскиот за Анастасија, па затоа уште се секира за неа.
Цеца Ражнатовиќ во една прилика ја коментираше кариерата на својата ќерка Анастасија, која моментално е една од најпопуларните пејачки на помладите генерации.
– Анастасија одлично пее народна музика, но е ориентирана кон поп. На Анастасија не ѝ е лесно. Има успешна мајка и нормално дека ќе ја споредува. Ѝ кажав дека ти си Анастасија Ражнатовиќ, не Цеца и треба да си го изградиш својот пат.
Не е гладна за кариера, ужива во тоа што го работи и го тера бавно. Има голема трема и ми создаде толкава тензија пред нејзиниот прв настап во Париз што цело време мислев на неа и покрај тоа што имав настап на Копаоник.
Ми поставуваше разни прашања, што ако ми се заглави штиклата на сцената, што ако не испеам добро. Само ѝ реков да се смири и да се опушти – изјави фолк ѕвездата во Нова Јутра на ТВ Пинк.
Недолго откако Богдана Ражнатовиќ се породи и го роди момчето Крстан, медиумите објавија уште една добра вест од семејството Ражнатовиќ.
Имено, Анастасија Ражнатовиќ е бремена во четвртиот месец, а Блиц ексклузивно откри дека младата пејачка и нејзиниот избраник Немања Гудељ чекаат девојче.
Младиот пар веќе извесно време живее во Севилја, а како што пренесува Блиц, интензивно ја подготвуваат собата за бебето. Анастасија и Немања пред неколку дена беа на забава, а преку своите објави објавија снимки од забавата.
Анастасија блескаше во црвен фустан, а јасно се гледаше трудничкиот стомак.
Двојката неодамна ја прослави и својата прва годишнина, а Анастасија објави заедничка фотографија на својот Инстаграм, како и фотографија од подарокот што го доби од својот избраник.