Naslovna Zivot Токму кога најмногу чувствува носталгија по дома, Илина Арсова вака се утеши...

Токму кога најмногу чувствува носталгија по дома, Илина Арсова вака се утеши во Америка (ФОТО)

Нашата позната планинарка Илина Аросова, која е и ликовен уметник, е едниствената жена во Македонија која се има искачено на Монт Еверест.

Арсова неодамна изјави дека и покрај обемните задачи кои ги има на Универзитетот во Тенеси каде што е докторант, нејзиниот номадски живот не се сменил.

Нашата позната алпинистка и уметник веќе 4 месеци живее еден од своите соништа, далеку од дома. За заминувањето на докторските студии, вели дека добила неизмерна поддршка од блиските, за што збпруваше во Женски магазин.

– Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди он-лајн и да не морам да бидам физички присутна, но со позицијата како професор со полу работно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде.

Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас. Сега сме пред самиот крај на првиот семестар што е добар знак ,бидејќи сите велат дека првиот семестар е најтежок.

Инаку јас сум докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии, а ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот.

Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани области. Убавините на Македонија секојдневно им ги претставувам и на колегите и на студентите. Некои од нив веќе сакаат да дојдат во посета.

Продолжува на следната страна