Naslovna Zivot Олгица Христовска смени имиџ, еве како изгледа сега, во друштво на сопругот

Олгица Христовска смени имиџ, еве како изгледа сега, во друштво на сопругот

Едната родена битолчана, другата по потекло од Кичево, обете со скопски адреси на живеење. Двете бисер грла, гласишта, вокали за медал, итерпретаторки какви се раѓаат еднаш во сто години…

Олгица Христовска и Калиопи Букле двете врвни, вонсериски македонски музички ѕвезди и повеќе од тоа. Олгица и актерка, Калиопи и автор и над сето тоа, двете одлични пријателки.

За Битолчанки важи муабетот дека се најубави, најдотерани, нјастокмени, најсредени кога ќе излезат да прошетаат по Широк Сокак, очите да ти се наполнат од убавина.

Легендарната улица, или пешачка зона, денес е срцето на градот на конзулите низ кое парадираат битолските убавици покрај низата од безброј кафулиња додека со погледи ги следат и меркаат од глава до петици „влажните машки погледи“, изнудувајќи им воздишки…

Токму на ова локација се сретнаа па се впуштија во ноќна проетка две дами познати македонски дами… Две уметнички легенди кои Македонија ја задолжиле со она што зад себе го оствариле, оставиле и се’ уште го правата… И во музиката и во театарот.

Едната родена битолчана, другата по потекло од Кичево, обете со скопски адреси на живеење. Двете бисер грла, гласишта, вокали за медал, итерпретаторки какви се раѓаат еднаш во сто години…

„Битола ноќе со мојата Олгица… Луѓето секогаш доаѓаат во нашиот живот поради некоја причина, но од нив засекогаш остануваат само оние, кои доаѓаат со вистинската причина и кои ја кажуваат дури и најсуровата искреност, за која ризикуваат да ве изгубат… Јас таквите ги нарекувам ријатели … пардон – семејство“!

И навистина во изминативе повеќе од три децении колку што трае нивната дружба, двете македонски ѕвезди се’ повеќе од пријателки, речиси семејство, иако не се… Ама како да се! Како сонце и месечина!

Затоа и во таа битолска ноќ, нивната средба, дружба и прошетка по „месечина под ова небо што ги покрива“, беше толку пријатна и емотивна…

Се’ додека двете „тивко, полека, не зајдоа“ во ноќта од муабети, насмевки и добро расположение, за уште поубави спомени!“, напиша Вистина.мк во една прилика.

Олгица слабо се појавува во јавноста, а нејзина слика објавил Ранко Петровиќ, познат како Ранко Бубамара и тоа од промоција на песна на Жељко Самарџиќ и Калиопи во Скопје.

-Мало убаво друштво. После промоција на ГОЛЕМА песна“, стои во оваа објава а на сликата се Калиопи, Жељко Самарџиќ, Цветанка Ласкова, Ранко Петровиќ, Ромео Грил, Олгица Христовска и нејзиниот сопруг Дејан Кошутиќ.

На сликата може да се забележи, освен дека друштвото е весело и дека Олгица сменила имиџ, и сега таа има црвена коса, а новиот имиџ супер и стои.