Жељко Самарџиќ, пејачот од Мостар кој жиевее во Белград, Низ целата негова музичка кариера, градел имиџ на музичар чиј адут се романтичните песни.
Тоа е било да кокетирал со народната музика, или да било чисто во поп-стил. До сега има снимено 23 или 24 албуми( и самиот не е сигурен во точната бројка), а пиратските компилации не ги брои“, објави во една прилика Публицитет.мк
– Еден подолг период се тргнав од медиумите, зашто, искрено, малку ми здодеа. Повеќе се посветив на работата во студио: пеев, снимав, го подготвував албумот. Но, не сакав да се појавувам на емисии. По таква медиумска пауза, сепак е потребно некако да се сврти вниманието на публиката, да се направи некаков пресврт.
Е токму, оваа промена на имиџот е тој пресврт. Мислам дека сега веќе поконкретно се насочив само кон поп-музиката. Порано малку флертував и со народната музика, на некој мој начин, а тоа и се допаѓаше не публиката.
И денес тие мои постари песни се уште минуваат. Но поп-музиката е сепак она што се вели, што минува низ мене. На таква музика сум пораснат. Сепак, најважно е што и таквиот мој избор на песни и се допаѓа на публиката.
– Во тој мозаик секоја коцкичка мора да го пронајде своето место. А најважно е на крајот, во музичкиот продукт да се чувствува душата. Тоа најдбро се постигнува со живите инструменти и секако добрата продукција.
Сакав,овој последниов албум да се вика „Музика“, но моите блиски ме предупредија дека тоа би можело да прозвучи претенциозно. Па одлучивме да го наречеме „Мила“, по истоимената песна на албумот, која се разликува од сите.