Кролоина Гочева е нашата музичка дива, но освен што е толку успешна во своето пеење, таа важи и за модна икона, а за модата, таа во една прилика коментирала во интервју за Фешнел.мк
Секако дека ми се случиле (модни промашувања), нормално дека и јас кога ќе видам некоја своја фотографија од пред неколку години, ми се случува да посакам да ја запалам(се смее).
Но, секој прави грешки, тоа е потполно природна работа. Секогаш сум облекувала парчиња во кои се чувствувам добро и никогаш не сум сакала слепо да следам модни трендови.
-Не би знаела да кажам, можеби вие подобро би знаеле да издвоите што ми е заштитен знак, бидејќи јас мислам дека не сум се врзала за ниедно парче гардероба или аксесоар.
Експеримент само за да се биде интересен може да биде неуспешен експеримент. Сите промени треба да се во скад со карактерот, без разлика дали се работи за јавна личност или не.
Ние правиме минимални промени, кои нема да ми пречат да функционирам нормално, а кога на пример би се потстрижала кратко и би ја обоила косата во друга боја, тоа би била промена, но во мојот случај сигурно неуспешна, затоа што тоа не сум јас.
-Ја следам колку што имам време, јас навистина не сум моден зависник.
Секако, поради природата на мојата професија поседувам и дизајнерски парчиња, особено чевли, но иако приватно не ги носам често, туку главно на сцена и за разни фотосесии, ми претставува задоволство да знам дека си ги имам по дома, а знаеме дека секое задоволство чини доста.
– Искрено, кај мене не било никогаш намерно ниту наменски но, секој човек, особено уметник, на некој начин ја отсликува својата емотивна состојба низ она што го прикажува.
И не само својата, туку и на сите оние кои се инволвирани во еден проект, затоа што секој остава по одреден дел од себе, а во нашиов случај јас, како пејач сум таа која го презентира и доловува пакетот сублимирани емоции од сите нас“, рекла таа во едно интервју за Жеснки магазин.
Патувањата се нешто кое отсекогаш ме исполнувало и секоја година сакам да посетувам барем некое место каде не сум била, а секако дека има и места каде со задоволство се враќам и повеќе пати.
Сметам дека запознавањето нови култури, новите нешта кои ги учиме ни го збогатуваат животот и духот“. Каролина за истиот медиум прозборела за својата мајка Светлана и раскажала една доста интересна приказна за неа и за нивниот живот:
– Таа е најсакана мајка и баба, која отсекогаш била најцврстиот столб во нашите животи, а тоа е и денес. Штотуку се вратив од Битола, каде секоја година ги поминуваме велигденските празници во нејзиниот дом.
Таму се собираме и за сите поважни, а и помалку важни пригоди. Таа е наша главна советничка, рамо за плачење, но и најстрога и сосем непристрасна критичарка.
Но, благодарна сум ѝ и мислам дека тоа е главната причина што секогаш сум со двете нозе цврсто на земја. Секако дека често знае да дојде и до ситни кавги, но тоа обично трае до првиот следен телефонски повик.
Неколку пати годишно одиме на заеднички патувања со мајка ми, сестра ми и двете внуки. Тоа ми е нашата омилена традиција“, раскажала Каролина Гочева.