Naslovna Zivot Еве како се обидела да си го одземе животот кралицата на Ју...

Еве како се обидела да си го одземе животот кралицата на Ју поп музиката- Тереза искрено раскажа сè

Една од најпознатите пејачки во регионот, Тереза ​​Кесовија, многупати се соочувала со неволји и трагедии.

Кралицата на шансоните Тереза Кесовија, пред неколку години ресторанот „Виа игнација“ во Вевчани одржа незаборавен концерт во рамки на отворањето на ликовната колонија „Вевчански видувања“.

Тереза со своите песни ја врати децении наназад во времето публиката, која заедно со неа ги пееше популарните рефрени од „Пријатељи стари гдје сте“; „Добри мој Ноно“; „На Страдуну“ и други.

Иако е на прагот на деветтата деценија од животот Тереза Кесовија имаше енерчиген настап од час и половина пренесувајќи ја сета нејзина позитивна енергија на присутните, која едноставно зрачи од неа.

„Никогаш во мојата кариера не сум настапила во ваков амбиент и овој концерт ќе го паметам. Сакајте се и чувајте се луѓе!“ – со многу емоции ги искажа своите чувства за настапот во Вевчани Тереза Кесовија.

Тереза од домаќините доби Вевчански пасош, а по завршување на настапот таа издвои време за обожавателите на кои им ги потпишуваше нејзиното најново цеде и биографската книга „Тереза“.

Организацијата на настанот беше беспрекорна, а атмосферата во „Виа игнација“ прекрасна, за што се погрижија и академските уметници Алмир и Викторија кои изведоа преработки на познати песни, објави во една прилика www.ohridnews.com

Нејзиниот живот започнал така – нејзината мајка починала кога Тереза ​​имала само два дена.

Причина за смртта била сепса, бидејќи во тие години жените се пораѓале дома и немало соодветна медицинска нега.

За време на студиите на Музичката академија во Загреб го запознала својот прв сопруг Миро Унгар со кој го добила синот Алан, а по разводот од него пејачката се омажила за хрватскиот ватерполист Роналд Лопатни.

Во 1974 година, додека снимала спот во Германија, дознала дека нејзиниот брат загинал во сообраќајна несреќа, а набргу потоа починала и нејзината маќеа.

Тереза ​​Кесовија се соочи и со големи здравствени проблеми. Откако дознала дека има рак, и биле отстранети бубрегот и два тумора на увото, а морала да ги оперира и гласните жици.

Како што рекла еднаш, во еден од нејзините тешки периоди се обидела да си го одземе животот. Кобниот настан се случил во Париз, а синот на пејачката тогаш имал само три години.

„Точно е, се обидов да се убијам. Никогаш во животот не сакам да лажам. Дури и кога бев мала не лажев за оценки, и кога добивав единици.

Човек се чувствува добро кога ја кажува вистината. Се случи во Париз, се чувствував многу тешко. Моето дете тогаш имаше три години…

Немав преголема причина да си го скратам животот, мислам дека беше 1967 година. Лежев таму, ја гледав секоја линија на таванот барав некоја пајажина и си ги собирав мрачните мисли.

Како автомат, како робот скокнав и барав лек.Тогаш бев страшно глупава ,сега ми е смешно…

Моето дете дојде до вратата, но јас веќе ги испив апчињата. Брзо отидов во болница, таа беше блиску, за среќа“, изјави еднаш таа за медиумите.