Фолк- пејачката Ана Бекута во една прилика објави своја стара фотографија, на која малкумина би ја препознале, а на неа е потпишана со своето вистинско име. Таа им испрати силна порака на жените и мотивираше многу дами.
Имено, пејачката истакна дека и таа, како и многу жени, била меѓу оние на кои другите сакале да ѝ го изберат патот на животот. Сепак, таа, како и многу други жени со својата храброст и сила, успеала во тоа што е денес.
– На секоја жена во Србија некој се обиде да го ѝ избере патот. Многу од нив ја сменија историјата. Mногумина од нив имаат големи успеси, жртви, револуции – започна Бекута.
Како и да е, овој ден особено го посветувам на жени за кои никогаш не сме чуле, но кои беа доволно силни да ги променат своите животи и да одбијат да го земат она што некој друг го избра за нив – напиша Ана.
На оваа фотографија е девојка која исто така сакаше да избере свој пат. Нејзиното име е Нада Полиќ и по неколку децении откако е направена оваа фотографија, таа дефинитивно не стана она што го предвидуваа лошите луѓе.
Од првото појавување, Ана Бекута важи за една од најдобрите пејачки на Балканот, но и некој што ретко зборува за нејзиниот приватен живот, па малку се знае за тоа како и зошто го сменила името, но и во што знае презимето на Бекута во превод.
Во емисијата „Печат на времето“ таа му ја отвори душата на авторот Горан Јовановиќ и откри многу досега непознати детали од нејзиниот живот, меѓу другото и за тоа како го добила својот прекар.
– Работев во кафуле за да преживеам. Во еден момент ми здосади работата во кафуле, и направивме план да го најдеме композиторот Предраг Вуковиќ Вукас.
Тој тогаш имаше прекрасен албум за Нада Топчагиќ „Те повикувам“. Ми го смени името во Ана затоа што имаше многу успешни Нада – Топчагиќ, Обриќ, Кнежевиќ, Мамула …
Всушност, моето име беше спонзорирано од покојната Лидија Хабиќ која беше уредник на ПГП, таа рече дека треба да го земам презимето Бекута, што е мал закривен нож – рече Ана.
А, Ана Бекута доаѓа во Валандово и ќе настапи на 36-то издание на традиционалниот фолк фестивал „Валандово 2023”.
Таа ќе запее на сцената на градскиот плоштад на втората вечер од манифестацијата, на 27-ми мај, а истата вечер свои настапи ќе имаат и Ефто Пупиновски и Куку Леле“, објави Фокус.
Во далечната 1991 година на фестивалот таа ја отпеа „Стариот Џумбушлија”, со музика и текст на Петар Ѓорѓиев – Калица и аранжман на М. Божиновски, и песната стана хит кој и денес се слуша.
Во 2016 година беше актуелна забраната за емитување на македонска музика на радио станиците и телевизиите, од страна на ЗАМП, кое бараше зголемување на тарифата за емитување на музика.
Бекута тогаш откри и дека никогаш не добила ниту денар за емитување на песната „Стариот џумбушлија”, но за неа тоа не било важно, туку и значела поддршката од народот.
– Мислам дека тоа нема врска со народот, туку со некаква неразумна политика! Искуството не учи дека забраните немаат никаков ефект, и тогаш цвета сивата зона“, рекла Бекута.
Новинарката Вики Клинчарова која е автор на овој текст го споделила на Фејсбук, и притоа добила коментар од Блага Петреска, доајев на нашата народна музика која рекла:
– Вики, што си изненадена, па ние што сме испејале безброј песни не сме зеле денар ,а не Ана за една песна очекува пари? Пејачите кај Нас не се изборивме за изведувачки права и кои ни е крив?“
На овој коментар на Блага, одговорила и новинарката, на овој начин: Така е Благе. Очигледно помладите пејачи кои сега имаат редовни настапи не размислуваат многу за утре…
Од она кое го гледаме, кризата поради пандемијата не помогна да се научи лекција и да се направат промени, со цел самите изведувачи да бидат заштитени“.