Улогата на Марио во „Преспав“ веќе долги години го прави омилен кај сите генерации. Но Васил Зафирчев не е само лажниот готвач и будист, другарот на Јелена од Драчево и партнерот на Тони.
Во едно интервју за Женски магазин, актерот зборува за тетарските улоги на кои е најгорд, за најголемата тинејџерска беља коja ja направил, за блискоста со Калиопи и за тоа колку во моментов е емотивно исполнет и вљубен.
– Имав убаво, спокојно и безгрижно детство во родниот Велес, кој во тоа време беше еден од најуспешните и најпросперитетните индустриски развиени градови во тогашна Југославија.
Наследив добро домашно воспитување од родителите и семејството и смерници за вистинските вредности во животот.
Во најубаво сеќавање ги имам бескрајните детски игри низ велешките маала, во Дворови, на Мегдан или Црна Џамија, возбудливите авантури на Вршник и Костурница.
Возењето со велосипед до Езерото Младост, пливањето на Вардар или пак по вировите на Бабуна и Тополка.
Дружењата со врсниците од другите градови низ детските летувалишта и зимувалишта во Македонија, како и долгите летни одмори со родителите на Јадранот на кои запознав пријатели од цела Европа, а со дел од нив и денес одржувам комуникација.
Бев хиперактивно и темпераментно дете, секогаш желно за игра и нова авантура. Еднаш како помал скокнав со чадор од терасата на нашата семејна куќа, инспириран од фантастичниот лик на инспектор Мамли од цртаниот филм.
Подоцна, при една од посетите на баба ми и дедо ми по мајка во Штип, пропаднав во реката лизгајќи се со кнки по мразот.
Па сè до првата мала сообраќајна незгода со мотор во најлудите тинејџерски денови“, изјавил Васил.
-Уште за време на студиите, освен актерската игра, низ различни работилници и мастер-класови изучував повеќе современи и традиционални танцови техники.
А танц-театарот практично го истражувам. Неговите принципи, а особено неговата естетика биле инспирација за повеќе мои авторски проекти, кои на театарската сцена кај нас ги промовирале и ги афирмирале токму неговите методолошки начела и естетички вредности.
– Среќа е што имав привилегија да имам професионални актерски ангажмани во театар уште за време на студиите. Одлична можност за практична елаборација, проверка на наученото.
Од мојот ментор, проф. Кирил Ристоски, кој и самиот беше голем актер, го научив занаетот на актерското мајсторство. Неговата есенција. Основните постапки, но и тајните на актерството како професија.
Без нив не се станува добар и успешен актер. Несомнено, на факултетот не може да се научи сè.
Но, убаво е да се откријат и оние аспекти од професијата во кои го препознавате својот талент и уметничката предиспозиција и кон кои ќе се стремите во натамошната професионална надградба, во остварувањето на творечките предизвици како драмски уметник.
Созревањето кај актерот, пак, доаѓа како резултат на активната работа, а актерската зрелост, освен од личните знаења и уметнички провокации, зависи и од развојот на актерските вештини и постапки, степенот на сложеност на улогите, но и од автентичноста на актерските решенија“, кажал Васил во интервју за Елементал.мк
А Васил пеел на манифестацијата Глумците пеат и бил ептен интересно облечен. Во светкави тесни пантолони и во светкаво палто, тој заиграл и се кршел на сцената пеејќи една доста позната песна.
Станува збор за песната Осамен, која ја пее Трајче Манев, а Васил до ова видео напишал: Глумците ПЕАТ и танцуваат. Костим: Rade Vasilev Видео: Milica Kostova Ristova“.