Една од најпознатите водителки на Гранд, Драгана Катиќ, имала бурно минато.
Драгана Катиќ, сопругот ја остави додека беше бремена со близнаци. Таа пред 20 години го доживеа најголемиот удар во животот, кога наместо да ја доживее најголемата среќа со децата, таа ги преживуваше најтешките мигови.
– На почетокот велеа храбра си што се одлучи на ваков чекор, но јас знам како ми беше. Не беше тоа храброст, јас ги имав моите родители кои секогаш ми се огромна поддршка, не бев сама. Тие беа среќни за мојата одлука и ме поддржаа, вели водителката која си ја отвара душата по цели 19. години.
Вели дека таа и партнерот се разделиле поради разликите кои не можеле да ги надминат.
– Бевме две индивидуи кои беа заедно, пробаа да живеат и да се согласат, но тоа беше тоа и мораше да се стави крај, вели таа.
Драгана Катиќ, во гостување на Курир ТВ, искрено проговори за периодот по породувањето, кога барала работа од Саша Поповиќ.
-Тој неќеше да ме вработи, бидејќи му кажале дека сум дебела. Тоа навистина беше така, јас во бременоста се здебелив како да носев десет деца. Стигнав до 110 килограми.
Но, веднаш потоа, успеав да си ја вратам килажата, па и дополнително да ослабам. Тоа не му го кажале на Поповиќ и тој се изненади кога ме виде.
-Ми рече, па Драгано, мене ми рекоа дека си многу дебела и поради тоа несакаш да се снимаш на ТВ, но сега гледам нешто друго.
-Да Саша, имаш погршни информатори, му рекла популарната водителка.