Naslovna Zivot Сара ја понесоа емоции и ептен се расплака, а Димитар сето ова...

Сара ја понесоа емоции и ептен се расплака, а Димитар сето ова го сними и објасни зошто (ФОТО)

Пејачката и харфистка Сара Мејс го покажа дворот од куќата каде што таа живее со сопругот, водителот Димитар Атанасовски и нивните две деца, и се гледа дека станува збор за убава и уредена куќа.

Таа рече дека ноивната ќерка Илина си танцувала до колата, а потоа на неа се потпишала, односно ја изгребала потпишувајќи го нејзиното име.

Слатката ќеркичка на Димитар и на Сара веројатно ова го сфаќа како игра, но Сара напиша дека тоа за неа било ко-шмар.

Потоа, колата била средена, и како што напишала Сара сега изгледа како ганц нова.

Сара Мејс и водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски објавија дека станаа родители на нивното второ заедничко дете кое се вика Кирил, минатата година во јули.

„Сара за малку ќе се породеше на детски роденден, ама ај тоа во наредна прилика ќе се раскажува- напиша Димитар на една објава.

Сара пак објави стори во кое кажа дека ќе заспие пијана од љубов и среќа и дека нема нипто поубаво од тоа да станеш мајка.

Но, она што паѓа во очи на сликите од ова убаво и среќно семејство е шминката на Сара. Инаку, тие имаат уште една ќерка која се вика Илина, а во една прилика, ја раскажаа нивната љубовна приказна.

Тоа било кога Димитар ѝ правел интервју за тогашната емисија „Тротоар“. А неколку години подоцна по првото нивно запознавање се сретнале повторно кога Димитар отишол на нејзин настап во локалот „Штала“.

„Таа вечер дефинитивно имаше хемија во воздухот помеѓу нас двајца, па така Димитар не губеше многу време и веднаш ми побара број, а веќе наредното утро ми пиша“, изјавила Сара за Женски магазин и открила кога се случил првиот нивен состанок:

„Првиот состанок ни беше во кинескиот ресторан во центарот на Скопје и до денес таму си прославуваме убави поводи…. Помнам дека уште во врска честопати се враќавме за убави поводи во тој ресторан, дури ни дадоа и амајлија за вљубени…

Инаку мојот впечаток после првиот состанок беше доста силен…. Димитар ми беше преубав, препаметен, привлечен, забавен, интересен….

Кога се вратив дома си гледав во ѕид, си сублимирав впечатоци во глава и уживав во пеперутките во стомак….. “.
Пејачка како што вели, се сеќава на секој детаљ кога за прв пат ја бакнал Димитар.

„Секој четврток после снимање на епизода „Танц со ѕвездите”, цела екипа од Танцот одевме во кафана, во “Крчма”…. И така еден од четвртоците се случи… Излеговме надвор, набожемски ќе зборевме нешто .… “.

Димитар е екстремно одговорен човек, а тоа е особено важно за еден маж во еден брак. Да биде стабилен темел на семејството, заедно со мајката се разбира“, рекла Сара.

А сега Димитар на стпри објави едно доста оригинално видео. Имено, тој ја снимал својата сопруга Сара како плаче и напишал:

-Со среќа нека ти е Кирил, што и да правиш во животот, мама ќе биде тука за да плаче за тебе“, стпи во во описот на ова стори, а во видеото Димитар вели:

-Еве, детево тргна во градинка инаку“, рекол водителот и ја снимил својата сопруга во наполив на емоции, а Сара му одговорила:

– Гледаш дека пробувам да не плачам, а ти ме снимаш како плачам“, а потоа Сара објаснува на вработените од градинката дека плаче од среќа.