Naslovna Zivot Ленче Кукиќ искрено кажа што и како ѝ се случило во Лондон...

Ленче Кукиќ искрено кажа што и како ѝ се случило во Лондон за Велигден

– Прекрасни спомени… Токлу убави емоции, што дури понекогаш посакувам да се врати 2019-та година кога победив, за повторно да ги почувствувам“.

Ова го рекла во едно интервју за Фешнел нашата позната пејачка Ленче Кукиќ за времето кога победи на шоуто „Никогаш не е доцна“.

-Таму осознав вредности, кои можеби кај нас се изгубени. Се вреднува пејачот, неговиот талент, се вреднува песната по највисоки критериуми.

Барем тоа е моето видување и моето мислење. Лично за мене „Никад није касно” е едно богато искуство во смисла на комуникација со врвни професионалци кои си ја знаат работата, организација на највисоко ниво…

Воодушевувачка сцена, сето тоа во еден прекрасен амбиент со публика и огромна гледаност со аудиториум од неколку милиони луѓе.

Благодарна сум на можноста да искусам еден таков квалитетен проект со импозантна сцена на која повторно би се вратила.

-Јас сум 30 години на музичката сцена и во мојата земја мислам дека ја добив најголемата популарност.

Но, учеството на „Никад није касно” го искористив во еден вистински момент бидејќи моите почетоци во кариерата се врзани со 1991 година кога се распадна Југославија и тогаш како помлад изведувач немав прилика да ме запознае поширокиот аудиториум и се случи тоа што требало да се случи.

Сега сум презадоволна, што ми се оствари тогашниот сон и успеав да се претставам пред милионска публика. А сето тоа нормално со себе носи и повеќе ангажмани и повеќе настапи и уште побогата кариера.

Затоа, за мене навистина ова беше остварување на амбиции од пред 30 години и апсолутно во мојот случај, за тоа што го посакав не беше доцна.

– Јас го добив тоа што го сакав од нашата публика, која секогаш имала повеќе позитивни реакции во однос на мојата работа, отколку негативни.

Со нашата професија ние сме сепак во една среќна околност, пееме за убаво, за љубов, за среќни моменти. Мене во животот ме води една парола, дека еден човек не може да биде ниту семоќен ниту совршен.

Јас секогаш давам сѐ од себе и никогаш не се сомневам во моето дадено, затоа што е дадено со душа и со целата моја енергија.

Свесна сум дека ниту еден ден нема реприза и затоа јас кога пеам, се давам целосно. Затоа секогаш верувам во моето дадено, иако секогаш може да налета на луѓе кои и од тоа нема да бидат задоволни.

Секогаш гледам на позитивната страна, иако ги почитувам и негативните критики бидејќи врз основа на тоа може некогаш да ги спознаеш твоите грешки“, изјавила Ленче во Фешнел.

Една интересна приказна за својот живот во овој период, како и за она што и како ѝ се случувало неодамна во Лондон, Ленче раскажа за порталот svet-australia.com

– Мојата нова песна која излезе пред неколку недели “Бистра Вода” е прекрасен спој на минатото и модерното…Спој на млада енергија од двајца врвни музичари…

Текст и музика Стефан Илиќ аранжман Иван Кукиќ и Стефан Илиќ, снимена во студиото 202…

Мојата радост не застана тука, нашите настапи на концертите со Камерниот Оркестар на Битола во чест на Јонче Христовски беа вистинско уживање со интерпретации на песните на бардот Јонце Христовски…

Набрзо после концертите заминав за Лондон каде во организација на Иле и Бети и Македонското друштво во Лондон за најубавот празник Велигден со убава песна и во весела атмосфера, благодарејќи на посетата на наšите Македонци во Лондон го прославивме празникот…

Со посредство на домаќините Иле и Бети успеав да ја почувствувам убавината на светскиот Лондон кој плени со својата преплетеност на култура и историја и вака исполнета со убави доживувања продолжувам со промоции на моите нови песни овде во нашата Македонија.

Следуваат и настапи насекаде низ републиката но и надвор во соседството“, открила Ленче Кукиќ за Свет Австралија.