Naslovna Zivot Ламбе во чест на член на неговото семејство кој не е веќе...

Ламбе во чест на член на неговото семејство кој не е веќе меѓу нас го направи ова, во ваков издание не го знаеме (ВИДЕО)

– Мојата сопруга ја сакам сè повеќе секој ден а верувам и таа мене. Бракот е нешто што се гради и се негува со многу трпение и љубов.

Препреки секогаш има но треба да се поминат и да се надминат заедно“, има изјавено Ламбе Алабаковски во едно интервју за Женски магазин додека уште живееше во Америка за неговата сопруга Магдалена и за двата сина.

– Сега ние живееме суштински за нашите деца буквално , ретко излегуваме но сме исполнети со тоа што сме опкружени со нив и со некои пријатели а најчесто тоа се ручек или вечера во некој ресторан или домашна атмосфера, а годинава се почесто дома се случуваат такви средби.

Често знаеме да запееме и да засвириме исто така“, изјавил Ламбе кој пред две години се врати, и сега живее во Битола, со сопругата и со синовите.

– Тука луѓето навистина немаат време и многу работат. Можеби сега со пандемијата повеќето работат од дома па фала му на Бога ете им можност да се со ближните почесто, инаку не е така!

Стекнав нови познанства и пријатели и многу научив од престојот тука. Во оваа земја живеат буквално луѓе од целиот свет па има што да се види и да се научи, различностите се ценат и се почитуваат.

Многу е поразлично од кај нас и од Балканот, но би сакал и така различно да остане бидејќи тоа е и убавината во различниот менталитет и во културите“, рекол Ламбе тогаш од Америка.

Во едно интервју за Попара.мк тој се присетил на неговото детство и на времето кога раснел во селото Љубојно во преспанскиот крај:

– Патронатот на основното училиште каде што јас завршив е на 7-ми Април, се сеќавам дека на тој ден се организираа фудбалски натпревари во кои учествуваме ние учениците.

Имавме многу подготовки со нашиот наставник по физичко и со нетрпение се чекаше само денот. Се сеќавам утрото на 7-ми Април кога се разбудив имаше толку многу снег што сите бевме изненадени, за жал пропаднаа и закажаните натпревари“.

– По завршувањето на средното музичко образование се запишав на Еуро колеџот во Куманово, каде ги завршив студиите пред една година. Завршив бизнис администрација, нешто без многу уметност и сенс.

Но, никогаш не запре желбата да се запишам на Музичка академија. За мене никогаш не е доцна за работите, потребно е само да постои љубов и желба, тоа е доволно за да се почне.

М2 ми го промени начинот на живеење, односно темпото. Да речеме дека на некој млад човек кој многу ја сака музиката, се труди да постигне нешто, и некој да му даде шанса да успее.

Тоа го може само М2, професионален тим кој им овозможува на младите артисти кои немале можност, средства итн. да пробаат нешто повеќе“, кажал Ламбе за времето кога се пробиваше како млад талент.

– Ја следам и домашната и балканската поп сцена, инспирација имам од доста артисти, од светски познати до некомерцијални. Од секого може да се научи по нешто позитивно.

Слушам рок и поп музика како на пример U2, Sting и многу други. Во секоја моја песна која е напишана како прераскажување на некое мое доживување може да ме отслика“, изјавил Алабаковски.

А Ламбе во чест на неговиот покоен професор настапил Петар Митревски- Митрата настапил на концерт во негова чест и пеел класичка музика, од Петар Илич- Чајковски.

Но, тоа не бил само професор на Ламбе туку и родина, па тој на Фејсбук напишал: Во чест на мојот стрико и професор по соло пеење Петар Митревски- Митрата.

Вечеен му спомен. Се надевам дека ќе уживате во едно поинакво мое интерпретирање“, напишал Ламбе, а видеото од овој негов настап можете да го видите ТУКА.