Ќерките на Здравко Чолиќ, кои пејачот успеа да ги чува од љубопитните погледи, додека не навлегоа во тинејџерските години и не се претставија пред јавноста на социјалните мрежи, не престануваат да интригираат.
Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна, често ги радува своите следбеници на Инстаграм со својот изглед и привлечните фотографии.
Иако нејзиниот татко, една од најголемите ѕвезди од овие простори, со години наназад се обидуваше да го сочува нивниот приватен живот, Уна сега е полнолетна и самостојно го води својот профил.
Иако ретко зборува за приватни работи, Чола откри во едно интервју дека и двете негови ќерки имаат талент за музика, но и призна дека се надева оти нема да бидат вклучени во неговиот бизнис.
“Тие се музикални, но не треба да ја имаме истата работа. Убаво е да се биде музички надарен, но тоа е доволно”, рече тој за босанските медиуми. Во истото интервју, тој објасни зошто не сакал да се фотографира со семејството во јавноста.
“Што значи да се фотографираме за насловните страници? Не ми пречи кога како семејство не фотографираат на аеродром, но да нè наместат за фотографирање, тоа не го сакам.
Сè што доаѓа во животот треба да биде спонтано. Постарата ќерка кога гледа како се фотографираат нејзини врсници и се појавуваат во весник, вели дека тоа за неа не е важно. Но, денеска кога некој нешто лајкува, тогаш се радуваат “, откри тој.
Уна Чолиќ важи за една од најпривлечните девојки на социјалните мрежи. Ќерката на еден од најпопуларните пејачи на Балканот, Здравко Чолиќ со нејзиниоте секојдневни објави постојано е во центарот на вниманието.
Нејзиниот профил има нешто повеќе од 42.000 следбеници на Инстаграм, а обожава да ги споделува сите детали од животот со своите фанови.
Така беше и во една пеилика кога објави селфи на Инстаграм кое многумина остави без зборови. Уна позираше пред огледалото во теснa бела облека, и како и секогаш, доби многу пофалби за нејзиниот изглед.
Патем, многумина и се восхитуваат на убавината на Уна и претходно и порачаа никогаш да не подлегнува на никаква пластична операција и да остане природно убава.
А сепак, сега постарата и малку бунтовната принцеза на нејзиниот татко откри како навистина се согласува со нејзиниот татко.
Имено, Уна со фотографија од концертот откри дека будно го следи својот татко на турнеја и му пружа бескрајна поддршка.
Турбулентниот живот кој пејачот го води додека се во тек турнеите кои бараат многу енергија е се понапорен, па Уна реши овој пат да биде покрај него и многу да му го олесни патувањето.
Здравко и Уна Чолиќ одлично се согласуваат, а Здравко како и секој татко не може да им каже не на ќерките, бидејќи тие се навистина негови миленички, кои заслужуваат се што ќе посакаат.
Постарата ќерка Уна веќе подолго време е присутна на „Инстаграм“ и често открива детали од семејниот дом, на кои нејзиниот татко не е среќен, пишува Ало.рс
Здравко и Уна Чолиќ се интересни за јавноста токму поради тоа што понекогаш се чини дека таткото и ќерката се целосна спротивност.