Домот е моето цело царство. Не сум ранобудец, останувам доцна до 02.00 – 03.00 речиси секоја вечер, на вибер-конекција со ќерка ми и внука ми, кои живеат во Канада.
Мојот свет е поделен – половина тука, половина таму. И најдобрите другарки и дел од семејството ми се таму.
Смеа, песна, сликања и раскажувања, се дел од нашиот живот“, кажала во една прилика Ели Танасковска, нашата поната водителка од Македонската телевизија за Слободен печат.
Наутро не пијам кафе. Имам домашен миленик, а покрај него уште неколку пред зграда, со кои ми почнува секој ден. Хранење, милување, играње на трева.
Помалата ќерка Леона ме чека и додека се подготвуваме за работа, ме исполнува со најпозитивни и духовити мисли.
Во зависност од обврките, обично имам средби со гости, планирани во студио, разговори и кратки муабети со некои колеги“, изјавила Ели.
Многумина забележуваат дека Ели во последно време изгледа одлично. Ги намали вишокот килограми, и со целокупниот свој имиџ и стил изгледа подмладено. На прашањето, како се негува, таа вели:
-Без многу пари. Од 25 години одам на козметичар еднаш месечно. Тоа не чини многу, окоу 600 денари. Не пушам , не пијам и тоа е моето уживање.
Понекогаш, кога ќе пишам како се негувам , читам и негативни коментари , во смисол, премногу ставила хијалурон во јаболчниците.
Посакувам да одговорам, кога бев мала токму заради нив, во училиште ме викаа „ златен делишес“ и јас на сите слики од основно не се смеев , да не ми излезат уште поголем.
Но, не можеш да им се допаднеш на сите. И да полемизираш. Варирам со килограмите. Лесно добивам и лесно ги губам. Ми фали пливањето, зашто тоа тренирав долги години.
И секоја прилика на езеро во било ке доба не пропуштам да испливам , добра стаза. Во ова време на губење вредности, наметнување некои нови.
Во глобализација кога се наметнува едно исто да им се допадне на сите. Јас сèуште мислам дека традицијата, семејството, квалитетот и добрината , секогаш ќе бидат правилна патека за среќен живот“, раскажа Ели за Женски магазин.
– Јас сум ѝ достапна секогаш. Изабела некогаш ме бара и во 3 изутрина. Никогаш не ѝ велам , спијам! Станувам, палам светло и си играме игри која таа ги сака.
Со Симона сум на вибер секој ден по неколку пати. Таму ми се моите најдобри другарки, пријателки. Ми се јавуваат редовно, се гледаме.
Како да се со мене“, додава таа за далечината која не ја спречува да ја одржува блискоста со најмилите.
– За себе можам да кажам дека во различни периоди од животот сум била различна. Секогаш во животот ми недостасуваше амбиција. Јас сум од оној тип на луѓе кои што би можеле да направат се, но да бидат втори.
Ќе помогнат се на тој што ќе биде прв и што ќе се искачи на врвот, но никогаш јас да не бидам на врвот. Да бидам некаде во позадината.
Ми се случи еднаш, кога ме праша еден едукатор од Америка за „leadership”, толку многу потенцијал имаш во себе за иновации, за креации, за инвентивност, зошто дојде на овој курс? Реков ми фали амбиција.
Сметам дека немам доволно амбиција во себе за квалитетите кои ги поседувам. За човек кој што зборува 4-5 јазици, има толку специјализации, магистерски, докторат…
Мене ми е некако поубаво да бидам во сенка. Да не бидам некако толку напред истурена. Не сум „истурен” играч.
Повеќе сум оној семеен човек. Можеби затоа што татко ми често патувал, мајка ми исто така често патувала, понекогаш со брат ми сме останувале дури и сами на десет годишна возраст. За мене семејството е навистина света работа.
А на Фејсбук профилот на Ели се појавија доста слики од неа како си ужива со своите внуки, а на една од објавите, Ели вели: Денов само за нас.
Ќерката на Ели која живее во Канада пак си дошла во Скопје со децата, најверојатно на одмор па сега згодната баба изгледа супер во друштво на своите најмили, што се гледа по природните фотографии кои ги има објавено на Фејс.