Naslovna Vesti Брнабиќ им се скара на ГРЦИТЕ – откpи зошто

Брнабиќ им се скара на ГРЦИТЕ – откpи зошто

Српската премиерка Ана Брнабиќ, одби да учествува на Економскиот форум во Делфи поради неутралната позиција на Грција во Советот на Европа при гласањето за членството на Косово во таа организација.

Инаку, информациите за процесите на Грција во Советот на Европа ја разбрануваа локалната јавност, а по тој повод реагираше професорот Јоргос Катругалос, министерот за надворешни работи во сенка на Грција и поранешен шеф на дипломатијата во последната влада на Алексис Ципрас.

„Нашата земја мора секогаш да промовира мир и стабилност на Балканот, поддржувајќи заемно прифатливи чекори и решенија. Одлуката на Владата да се разликува од другите земји на ЕУ кои не го признаваат Косово, како што се Шпанија, Романија, не придонесува за оваа цел и особено Кипар, кој гласаше против.

Оваа позиција не беше разговарана со политичките сили, иако ја менува, без објаснување, цврстата грчка позиција. Истовремено, ја ослабува посредничката улога што Грција треба да ја има во регионот“, напиша тој на Твитер.

Комитетот на министри на Советот на Европа вчера одлучи да го проследи барањето на Косово за натамошна процедура до Парламентарното собрание на таа организација, а за таа одлука гласаа претставниците на 33 земји, додека седум беа против (Србија, Азербејџан, Грузија, Романија, Кипар, Шпанија и Унгарија), а петмина беа воздржани (Грција, Словачка, Молдавија, Украина и БиХ). Ерменија не гласаше.

Во однос на начинот на гласање на одделни земји, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно денеска изјави дека ќе има длабоки и суштински промени во надворешната политика на Србија.

Извор: Вечер