Naslovna Zivot Адријана Алачки смени имиџ, ваква не ја знаеме, ептен добро изгледа (ФОТО)

Адријана Алачки смени имиџ, ваква не ја знаеме, ептен добро изгледа (ФОТО)

Адријана Алачки е горда мајка на две деца, Грациела и Благоја и баба на Јана. Алачки неодамна се потсети на своите упокоени родители со емотивен статус:

Вие бевте посебни и со огромна душа како амбар, за сите имавте место, што ли душа носевте, од Вас многумина учеа што е ,,ЧОВЕК”…

Ми недостигате со секој нов ден, се повеќе и повеќе, се што сум денес е Ваша заслуга, од Вас научив што е семејство, пожртвуваност, љубов, почитување, дарежливост, милост, жалост….

Секој ден поминувам покрај вратата каде што ги живеевме среќните денови сите заедно, нозете сами ми oдеа натаму, ќе ја отворев вратата и доволно ми беше да Ве видам само, тоа ми даваше сила…

Сега истите скали ги минувам, истата врата, навратувам понекогаш во истиот дом, но празно е СЕ внатре, само фотографиите, старите украси и миленциња што мајка ми ги штиркаше.

Старите перничиња плетени на рака, спомените и грижата на совест што не поминува, од ден на ден е поголема што можеби несакајќи ве повредив а не ми кажавте…и немав доволно време за Вас..

Родителот секогаш ќе Ви простува, но ќе биде стра -шно кога самите нема да си простите, затоа преслушајте го секој збор пред да Ви излезе од устата, најдете време за малку внимание и топол збор пред да биде доцна за се…

Ве сакам со секој атом од мојата душа. Почи -вајте во мир!“, напиша Адријана.

Познато е дека таа со гордост ги објавува сите новини врзани за нејзината емисија Вкусот на традицијата.

Познатата пејачка и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ е горда на своите успеси, приватни и професионални.

Алачки на Фејсбук откри нов готвачки талент, а тоа е малата Анабела, за која рече дека иако е многу мала, знае да зготви многу вкусни јадења.

Таа објави слики со Анабела и напиша: Ова девојче Анабела Богдановска е македонското генијалче, готвачка со ,,тапија”.
Од 4 години меси леб, прави чорба за целото семејство, слатки….

Готвачка родена , ѕвездата е родена… Лепчето на Анабела“, напиша Адријана.

Алачки со години наназад е добро препознатлив лик пред ТВ камерите. Таа својата кариера ја почна како пејачка, а потоа продолжи и како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.

„Секој ден му се заблагодарувам на Бога за новиот ден, што сме здрави и живи и едноставно започнувам со мојата ментална хигиена.

Тоа се јога техники што ги користам од многу одамна, кажа во една прилика.

Ако го миете лицето а умот не, тогаш немаме комплетна нега. Како се загадува лицето, така и умот од секојдневието.

Здрав и стабилен ум , дава отсјај на лицето“, вели Алачки која е голем поборник на природниот изглед.

„Немам ботокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања.

Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето“, вели Адријана.

А, Адријана сосема сменила имиџ, и изгледа навистина супер, со поинаква коса, шминка и фустан, а тоа го покажала на снимањето на емисијата „Везилка“.

Поточно, Ирена Спировска шернала слики од ова снимање каде што и таа изгеда супер, а во друштво се на Благоја Грујовски кој исто така ја води емисијата заедно со нив.