Весна Бејби- Петрушевска освен што е една од нашите најпопуларни актерки е и личност која отворено зборува на многу теми, и на социјалните мрежи, и во медиумите.
Неодамна, во „Слободен печат“ ја прашаа: Што значи да се биде самохрана мајка во современа Македонија?
-Значи опстанок, не значи живот! Исклучително напорна работа. Проект кој само го надоградуваш и немаш простор многу да маневрираш.
Секое утро освен што се будам и се заблагодарувам на утрото, втората мисла ми се сметките, како да ги оправиш да одат по правиот пат во едно извртено опкружување.
Ова е ера на полусветови и полуписмени суштества. Мора да сум будна постојано. Тешко и напорно“, одговори Бејби.
– Јас постојано велам дека сум мажена за своите деца. Не дека очекувам орден, напротив јас учам да бидам родител секој ден. Учам од своите деца, учат тие од мене.
Слушам многу музика, постојано читам, вистински љубител на филмови и серии, зависник на Нетфликс.
Ако ме прашуваш за приватниот живот, секогаш велам дека од утре ќе се бавам со него. Бргу ми здосадуваат работите“, изјави Весна во интервју за Точка.
Весна и во Женски магазин зборуваше за своите деца и за работата со децата која ја исполнува:
-Цел живот сум немирно дете. Не застанувам. Вртам, работам, доследна сум посветена и максималнo професионална.
Последниве неколку години во мојата актерска школа работам со деца од 5-17 годишна возраст.
Сонувам заедно со нив. Кога работам со нив, сфаќам дека никогаш не престанав да бидам дете.Оној момент кога ќе престанете да бидете дете, умирате.“
Весна Бејби Петрушевска пред извесно време раскажа интересни делови од својот живот на нејзиниот стендап настап „Влези, не се соблакај“ во „Јавна соба“.
Настапот почна весело и со смеење, кое владееше во текот на целата вечер, а заврши со молк во публиката, додека актерката порача дека е многу важно да се грижиме за своето ментално здравје.
„Најсмешните ликови се најтажни“, рече Весна и ја повтори приказната од нејзината хит-книга „Трофеј“, дека двапати се обидела да си одземе животот и дека била во клиничка депресија.
„Театарот ме спаси“, откри Весна. „Кога ја играв Марта во ‘Кој се плаши од Вирџинија Вулф’ излегов на сцена и не можев една реченица да повторам“, кажа Весна која со оваа состојба се соочила по разводот, а објави Слободен печат.
Во суштина никогаш ама баш никогаш не се открива што ќе биде вечерта на стенд апот. Но, секако дека ќе има приказни кои нешто значеле овие 25 години, нешто кое ме поврзувало години наназад.
Тие приказни се живи, присутни се, исполнети со паѓања и повторни станувања“, рече таа за зсвојата претстава.
Таа на Инстаграм и на Фејсбук ќесто објавува фотографии од работата со децата од нејзината актерска школа.
Весна на Инста стопри сподели една мисла која вели: Кога ќе погледнам назад во мојот живот гледам болка, грешки и болка во срцето.
Кога ќе погледнам во огледало гледам сила, научени лекции и гордост на себеси.“ Ова е всушност цитат од актерот Киану Ривс, но Весна како да сака да каже дека важи и за неа и за нејзиниот живот, па затоа го споделила.