Naslovna Zivot Ведрана летна од Македонија, еве каде замина со својот Андрија (ФОТО)

Ведрана летна од Македонија, еве каде замина со својот Андрија (ФОТО)

Познатата водителката Ведрана Ѓорѓевиќ минатиот месец се врати од одмор на Бали со својот сакан. На романтично место, таа го прославила својот 35. роденден со Андрија Антиќ, за кој вели дека се чувствува како да се во брак.

Ведрана вели дека сите мислеле дека ќе се случи запросување на нејзиниот роденден, но атрактивната водителка е против тие стереотипи.

За „Еспресо“, таа ја раскажа својата љубовна приказна со Андрија, и сите впечатоци од Бали.

-Првпат сум на Бали, но сигурно не и последен. Следниот пат точно знам како да го организирам времето и каде да отидам уште од првиот ден, а тоа е дефинитивно островот Gili Trawangan.

Белите песочни плажи, изобилие на овошје, зеленчук и храна со многу зачини, како и насмеани лица на кои главна цел им е да те угостат и да го направат твојот одмор незаборавен е нешто што не се заборава и за кое се враќа уште многу пати на Бали.

Овојпат патувањето имаше малку истражувачки карактер, и покрај краток одмор целта ми беше да поминам работно и го исполнив тоа за кое отидов.

Иако повеќето пријатели и познаници мислеа дека ќе „падне запросување“ не беше така и се радувам, заради тоа што веројатно Андрија ме познава подобро од тоа да ме запроси на некое толку очигледно место.

Може тој и подобро од тоа“, раскажа Ведрана.

Најголемата причина заради која заминале на Бали покрај тоа што патувањата ѝ се големо богатство и ја прават многу среќна, прославата на роденденот, е и снимање на нејзиниот подкаст ,,Lifestyle with Vedrana“.

– Го планирав уште пред една година и снимив две- три епизоди, но некако не бев задоволна, не ми беше доволно необичен и различен и не ми легна некако што би се рекло народно. Но сега чувствувам дека е вистинскиот момент.

Често патувам и решив тие патувања да ги искористам да снимам Македонци кои живеат надвор од Македонија, како се снаоѓаат во друга средина, потоа исто така ќе ги ,,искористам“ малку да ни го доближат општеството во кое живеат како и нивната култура и битисување.

Но тоа не значи дека ќе снимам само надвор, ќе снимам интересни приказни и патувања низ нашата убава Македонија, убавина, мода, храна и сѐ што би ми било интересно мене за гледање.

Секако прифаќам сугестии и од гледачите па ќе снимам нешто и по нивна желба.

Повеќе инфо за почетокот на подкастот и други детали може да се добие на мојот Инстаграм профил каде што објавувам сѐ поврзано со мојата работа па и приватен живот, кој го интересира бујрум- vedrana_edrana“, вели таа.

– Пред цели 15 години телевизијата „Канал 5“ имаше кастинг за девојки и момци, кои ќе бидат презентери на временската прогноза, јас бев препорака на Живкица и Дадар кај тогашната програмска директорка Весна Петрушевска-Бејби и така почна целата приказна.

Кога првпат застанав пред камерата, се чувствував многу природно, како цел живот да сум го работела тоа“, кажа вo една прилика напата позната манекенка и водителка Ведрана Ѓорѓевиќ.

Во тоа време Владо Младеновски беше дел од „Канал 5“ и нема да згрешам ако кажам дека тој беше човекот од кој добив најмногу совети и најголема поддршка.

„Канал 5“ е мојата матична телевизија, повеќе од 10 години работев во неа и по петгодишна пауза, сега сум повторно во најдобрата национална македонска телевизија“, рече Ведрана за Бети.мк додека ја водеше емисијата „Голден карпет„ со Миро Кацаров.

Ведрана, откако беше на Бали, сега се пофали со слики од ново место, од Јордан, каде што е со својот дечко. Нашата водителка светот го прошета и навистина живее убав живот, а си има и со кого.

Дали следното патување ќе биде свадбено, останува да видиме и времето да покаже.