Еден од најпознатите македонски фолк пејачи, Јордан Митев, со успех опстојува на македонската сцена повеќе од 15 години а во меѓувреме подготвува нов албум и два концерти за прославувње на својот јубилеј.
Јордан Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш.
Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.
Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.
Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.
Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари. Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од кој што Митев собрал големо искуство.
Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр:
Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор.
Како автор досега има напишано доста голем број композиции кои што некои од нив се наградувани во Македонија
-За овие години созреав и како пејач, и како човек. Почнав од 19 години и замисли како е да почнеш на тие години сам и да си од провинција. Не е лесно.
Затоа навистина низ годиниве како еволуирав како човек и како маж, така еволуирав и како пејач. Кога гледам што сум правел пред 10 години смешно ми е.
Но, такви биле годините, такво било размислувањето, сум мислел дека така треба и секогаш сум се трудил да бидам оригинален.
Да ми рекол некој пред 10 години дека ќе правам песни како што е „Жена за 100 години“, „За тебе“, „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ немало да поверувам.
Денес мерило за успешна песна се прегледите а според тие е одлично. А прегледите за фолкери се многу мали. Медиумите многу малку пуштаат фолк музика.
Тешко е фолк песна да стане хит за еден месец, потребно е време. Но, сметам дека на фолк сцената треба нешто свежо и нешто да се менува.
Нека има примеси на фолк но треба промена и во имиџ и во визуелизација, треба нешто модерно. Времето на аматеризмот е поминато. На нашата сцена недостасува квалитет и сите ние треба да си го признаеме тоа, изјави Митев во една прилика за ММС.
Митев рече дека никогаш немал дилема што ќе стане отако ќе заврши училиште, тој знаел дека ќе стане музичар.
-Јас завршив во село Подареш, тоа е моето родно село, радовишко село, прилично големо место, тоа е над 500 куќи, живо е ,активно.
Јас и денес се одморам таму, ја црпам мојата енергија. Таму завршив основно, а паралелно патував два пати неделно во Радовиш да учам и музика. Потоа, се запишав во средното музичко училиште во Штип, рече Митев во емисијата „Магазин“.
Тој магистирал оркестрација кај познатиот професор Живоин Глишиќ во Скопје. Митев зборуваше за сите семинари насекаде низ светот каде што одел како претставик на македонскиот фоклор и дека 15 години е веќе во естрадата.
За познатиот музичар Драган Даутовски коиј му бил професор, тој рече дека му бил како татко и имале прекрасен и пријателски однос.
Јордан рече и дека песната „Жена за сто години“ е посветена на неговата сопруга Славица Митревска, со која е четири години во брак и раскажа како се запознале.
-Се запознавме во Австралија, мојата сопруга е родена таму, таму има живеено. Ете, така некако се споија работите да биде што биде и излезе да живееме овде.
Во Австралија одиме прилично ретко“, рече Јордан па потоа се пошегува:
-Ваков човек како мене, лесно е да освои. Јас една година однапред бев закажан и така ете ги редевме работиме кога јас одев во Австралија професионално, да биде и приватно гостување.
Јордан Митев повторно ќе се враќа во Австралија и тоа во октовмри, но тој се подготвува уште од сега и изгледа дека ги пакува куферите.
Станува збор за негова турнеја во оваа земја која ќе започне на 13 октомври, а ќе заврши на 18 ноември, но Митев уште од сега објави инфо за ова негово патување.