Сопругот на нашата позната фолк пејачка Сузана Гавазова, Јасмин Курузовиќ се занимава со доста платена работа, со градежништво.
Тој е инвеститор, и тој на социјалните мрежи објавува фотографии од проектите- становите кои ги продава, а инаку тој гради и вила со поглед на Дојранското езеро за себе и за своите три принцези.
Во една прилика Јасмин објави слики од него како ужива во спа центар, и се релаксира покрај базен и напиша дека е време и тој малку да се одмори по напорната работа со градежните проекти и продажбата на станови.
Јасмин е послабо активен на социјалните мрежи од Сузана, но тој објавува секогаш кога има што да каже. Па така неодамна, сопругот на Гавазова објави дека куќата која ја градат во Дојран, со целото езеро на дланка е при крај.
Но, тој објави слика од уште една куќа која ја гради, а сликата личи како да е некаде надвор од Македонија. Јасмин има бизнис кој е раширен во Европа, и очигледно дека добро му оди.
Сузана е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна, а неколку години заедно живееја во Шведска.
И покрај благодетите кои ги нуди оваа скандинавска земја, тие решија да се вратат во Македонија, а објавија и зошто, луѓето, убавата клима и онаа позната дома си е дома ги врати во родниот крај на Сузе.
Таа по потекло е од Струмица и како што е познато е горда на својот роден град и често го споменува во интервјуата.
Таа настапува турбо и успешно ги балансира обврските како мајка, сопруга и успешна пејачка кај нас, но и во дијаспората. Кога Сузе ќе запее, се грми и ечи, велат оние што ја слушале.
А и нејзиниот сопруг Јасмин често зане да отиде на нејзините настапи и да ја нарече својата сакана- кралица, а според она што и двајцата го шеруваат на мрежите, тој ја третира како кралица.
Јасмин често ја придржува својата драга половина кога настапува надвор од Македонија. Иако таа е секогаш со нејзиниот бенд, Јасмин едноставно не ја остава сама и секогаш и е најголема поддршка на Сузе.
Како што е познато, Сузана беше на турнеја низ Австралија и таму супер поминала со нашите иселеници кои ептен супер ја пречекале и пееле заедно со неа.
Сузе времето во Австралија го искористи да замине и на плажа, да се опушти, а сопругот Јасмин беше нејзина верна сенка и ја следеше на оваа турнеја.
Гавазова сега се одјави од Австралија со многу емотивни зборови и ги поздрави нашинците таму: Збпгум Австралија. Секогаш ќе ве носам во срце драги Македонци.
Ви благодарам за се. Засекогаш ќе ве сакам“, напишала Сузана, шернала своја слика од авион и песната од Витну Хјустон, „I Will Always Love you“.