Naslovna Zivot Порасна синот на Хелена Роза, тетка Ребека сподели убави вести за него

Порасна синот на Хелена Роза, тетка Ребека сподели убави вести за него

Познато е дека подолго време, водителката Хелена Роза живее во Нов Зеланд со сопругот Игор, ќерката Кјара и синот Тијан.

Хелена во едно интервју во Женски магазин зборуваше за нејзиниот живот во Нов Зеланд, поточно го градот Окленд.

-Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, и речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно. Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот.

Луѓето се многу позитивни, насмеани, и ако погледнеш некого подолго од две секунди ти се насмевнува и те поздравува.

Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година и што има дрес код на облекување“, вели Хелена и додава дека од дома и фалат само блиските луѓе и ништо повеќе.

„Секогаш сум имала доста поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат овде, затоа и најверојатно си заминав, бидејќи не можев да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето.

За жал ,ништо не е сменето за овие две години, и поради тоа ми е многу жал, светла точка не гледам. Се е некако заспано. Толку многу зависно од политичките случувања што боли кога гледаш и слушаш“, додаде Хелена.

„Се најдов во небрано. Се затвори телевизијата „А1“ и останав без работа. Отворив фирма, но и тоа не се покажа како добра идеја. Сепак, имав 38 години и сфатив дека морам да направам нешто и да се снајдам“, раскажа Хеленаза Репортер.

Кога донеле цврста одлука да заминат за Нов Зеланд, со сопругот Игор биле свесни дека на почетокот нема да биде лесно.

„Собравме финансии и се преселивме на Нов Зеланд. Ќерка ми Кјара дојде по шест месеци. Бргу се навикнавме, иако не беше лесно додека да застанеме на нозе“, искрена е Хелена.

Вели дека на почетокот постојано барале работа со Игор и работеле сè. Од работа во сендвичарница до сè што може да им донесе приход.

„Па, јас дури и го чистев салонот на ‘Ауди’ таму. Секојдневно бришев прав од 120 бироа. Но, немав проблем со тоа. Не ми беше важно дали ќе перам или ќе чистам зашто тоа ми се исплатеше“, раскажува помалата сестра на поп-пејачката Ребека.

Денес, таа е на свои нозе. Работи како менаџер во една од најпознатите продавници за очила. Задоволна е. Во меѓувреме го роди и Тијан. Вели дека животот на Нов Зеланд е поинаква приказна од тука.

„Не можев да поверувам кога во државната клиника добив брошура пред породувањето, од која требаше да изберам како сакам да се породам, со музика, без музика, во вода, во кревет, на јаже… јас избрав ѕвездено небо и нежна музика“, раскажува Хелена.

Засега не планира да се врати тука. Сепак, вели дека ѝ недостигаат нејзините блиски.

„Ребека, Маркијан, близнаците на сестра ми, мајка ми и пријателите“, тие многу ми недостигаат.

Хелена ни откри дека иако се сестри со Ребека, сепак, никогаш не биле другарки што си ги кажуваат тајните.

„Бевме блиски само кога ни беше тешко, но не бевме другарки што си ги кажуваат тајните“, искрена е Хелена.

А синот на Хелена и на Игор порасна, и тој ќе стане прваче. Ребека, сестрата на Хелена како и секоја горда тетка, сподели слика од Хелена и од нејзиниото семејство.

-Нашето прваче маче од другата страна на Земјата. Ептен недостигате“, напиша Ребека на Фејсбук до оваа фотографија на која се: Хелена, Игор, Кјара и Тијан.