Naslovna Zivot Пеце од „Суперхикс“ искрено кажа дека на покојниот брат му ја згрешиле...

Пеце од „Суперхикс“ искрено кажа дека на покојниот брат му ја згрешиле дијагнозата, емотивно го раскажа целито свој живот

Пеце од „Суперхикс“ гостуваше во видео интервју за „Репортер“ и рече дека со бендот подготвуваат голем концерт за 30 години кариера, за зад нив се преку 200 концерти, настапи, музика, анегдоти.

“Жед“ за музика фали луѓе. Не постои веќе, ја нема. Барем не онака како што ја имаше во 80-тите 90-тите.

Лично моја перцепција е дека е се толку масовно и достпано денес (благодарение на интернетот) што веќе помладите баш и не се посебно заинтересирани за ниеден артист, а низ музиката и оние илјадници песни поминуваат по еднаш и тука веројатно завршуваат со “преслушување на материјалот“.

Па ние една касета или плоча кога ќе добиевме или купвме ја “вртевме“ со месеци. Тоа го нема повеќе. Тие навики некако исчезнаа благодарение на технолошката револуција.

.Не “изеде“некако овој новокомпониран капитализам и вечна транзиција.Се некако немаме време. Се нешто сме зафатени. Не постојат повеќе ни викенди, ни безгрижни лета, ни циклуси за опуштање.

Ни недостасува повеќе време за нас, за насмевки, за фамилијарни и маалски дружби. Многу се одалечивме едни од другите, и се подалеку сме со секој нов ден. За жал“, кажал тој во едно постаро интервју за Женски магазин.

Пеце неодамна се соочи со немила ситуација откако неколку штитеници од домот за деца без родители, со шлаканици го удираа неговиот син додека играл баскет.

„За жал никој не се грижи ни тие деца, а моето дете имаше траума неколку дена, но тоа што Никола сфати дека не може никој ништо да направи со сè ова е попоразителен факт од шлаканиците“, искрен е Пеце.

Во брак е со актерката Елизабета веќе 15 години. На шега вели: „Ако нема компромис еве гледаш сè живо се разведе. Јас сум инаетчија, па потешко попуштам во кавга.

А, кога веќе ме праша како се венчавме, еве ќе ти кажам: ’Јас дојдов од настап од Нови Сад и директно во матично во Ѓорче, тоа беше 2008, па едно матично руинирано и тогаш, а сега“, раскажува Пеце за љубовта со актерката Елизабета Клинчаревска-Младеновска.

Најболната тема за која зборувале е неговиот брат, уметник, кој почина пред 16 години. Лани Пеце му посвети песна, за која вели дека едвај ја испеал.

За тагата и болката со која се соочувале и тој и неговите родители, Пеце низ емоции зборуваше во Репортер.

-За првпат јавно прозборев на таа тема пред некоја година, а за првпат решив музички да прозборам на таа тема кога ја направив песната „За сите кои ги нема“.

Моето лично искуство беше дека јас со години не можев да соочам со тоа, и ми беше навистина болна тема да разговарам за тоа.

Мојот брат почина од тумор на мозок, а беше лечен од друга дијагноза, и пак уште едне социолошки феномен е тоа, гледаме што се случува периодов, и на тој здравствен план.

Чест на исклучоците на други лекари, но едноставно нашето искуство беше такво, многу болно и со години не зборев за тоа.

Меѓутоа, брат ми беше диполомиран уметнички сликар кој имаше за сад себе и има зад себе стотици и стотици уметнички дела.

Едноставно решив неговиот лик и дело да ги продолжам преку организирање на неколку изложби“, кажал Пеце, а целото интервју можете даго видите ТУКА.