Naslovna Zivot Перо Антиќ објави слика со политичар кој не е омилен на западот:...

Перо Антиќ објави слика со политичар кој не е омилен на западот: „Фала на гостопримството брате мој“ (ФОТО)

Легендата на македонската кошарка и актуелен претседател на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, деновиве е во Бања Лука, на актуелниот тениски турнир.

На турнирот присуствуваат и многу политичари, а вчера, скопската градоначалничка Данела Арсовска, објави слика со градоначалникот на општина Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.

Сепак, македонската јавност беше изненадена пред неколку дена, кога претседателот на Република Српска, Милорад Додик, објави фотографија со Перо Антиќ и притоа напиша дека секогаш му е чест да се сретне со „нашиот„ спортист!

Медиумите во земјава се прашуваат, дали можеби Милорад Додик има македонско потекло, или пак Перо Антиќ го смета за свој?

Инаку Милорад Додик, кој минатата есен победи на претседателските избори во Република Српска, важи за не многу омилен политичар кај западот, поради неговата отворена поддршка на рускиот претседател.

Вчера, на својот профил на Инстаграм и Перо Антиќ објави фотографија со Милорад Додик и му се обрати со БРАТЕ МОЈ: