Калиопи Букле во последно време е повеќе активна на сцената во поранешна Југославија каде повторно полна да одржува успешни концерти. Таа редовно со своите фанови комуницира на социјалните мрежи.
Нашата музичка дива ретко дава интервјуа, а во едно постаро, за Фешнел има изјавено за својт стил и имиџ кој го негива со години:
-Веројатно тоа е врежано некаде внатре во мене , врзано со самото раѓање, каде е човек роден, каде го вдишал првиот воздух, во какво семејство и луѓето од кои можеш да видиш што е животен стил..
како што била баба ми, моите тетки, мајка ми,татко ми, мојата сестра која е постара од мене и секогаш ми била идол во однос на тоа каков изграден стил имала таа.
Значи ние сето тоа го впиваме и се врежува во нашите мисли и око, дури на моменти се фаќаш себеси како имитираш некого, препознаваш дека е дел од она што ти го правиш и со тек на времето растеш и доаѓаш до моментот, ова ми одговара, ова не и така според мене оди целиот тој процес.
Со тек на времето ги пронаоѓам луѓето на кои знам дека му припаѓа некое мое парче облека.
Има една смешна ситуација уште кога имав повеќе килограми од сега, имав купено едни панталони во Загреб, кои не можев да ги навлечам дури ни до колено ама многу ми се допаѓаа.
Па така ги подарив на мојата сестра која тогаш беше послаба од мене. Јас бев лута на себе што не можев да ги гледам панталоните и кога ослабев таа не ги облекла воопшто и ме израдува кога дојде и ми ги донесе како подарок.
Кога ги облеков бев многу благодарна затоа што со тоа ми врати едно парче што многу ми значеше а ми ја врати и вербата дека освен мене верувала во тоа што сум јас.
Не можам да излезам од дома без моето среќно сребрено прстенче кое што го носам на малиот прст. Сакам убави ремени, и овој што го носам денес е еден од моите среќни талисмани со кои некогаш можеби претерувам и не можам да ги исфрлам од себе.
Не сум жена која обожува накит во вид на дијаманти и скапоцени работи затоа што сметам дека убавината на жената може да се закити со многу едноставен но оригинален аксесоар кој што може да биде и обична бижутерија ама кога ќе ја носите толку самоуверено и точно може да изгледа прескапо па дури и поскапо од еден дијамант“, изјави Калиопи.
Калиопи дала интервју во „Слободен печат“, и таму зборувала на многу теми, а меѓу нив е и новата епсна која ја пее во дует со Жељко Самарџиќ.
Исто така, зборувала из а Ромео Грил нејзиниот поранешен сопруг, но и за нивниот син Пако, кој е веќе ворасен.
– Ромео е, пред сѐ, голем професионалец. Тој секогаш совршено знае што сака да постигне додека создава една песна и што бара од своите соработници.
Јас во студио потполно им се препуштам на неговите сугестии, бидејќи бескрајно верувам во неговите продуцентски способности.
Сме знаеле и да се искараме во студио, како не! Но тоа биле конструктивни кавги, во име на продуктивноста во работата, кои секогаш завршувале со смеа правејќи шеги на своја сметка.
Најчесто тој е оној кој е во право, но умее многу добро да го прати и почитува мојот внатрешен глас“, изјавила Калиоипи за својот поранешен сопруг, а потоа за нивниот син Пако рекла:
– Пако е добро. Тој секогаш го следи она што го работиме, внимателно ги слуша новите песни, а ние неговото мислење“, изјавила Калиопи.