Naslovna Zivot Сузана Турунџиева кажа се за својот живот: Не е крај на светот...

Сузана Турунџиева кажа се за својот живот: Не е крај на светот ако си сама

Интересен лик е водителката, пејачка, наставник по музичко и писателка Сузана Турунџиева на својот Инстаграм и фејсбук споделува мудри и инспиративни мисли, кои се и интересни за нејзините следбеници.

Сузана во 2020 година промовираше нова книга со наслов „Зборотерапија“ за која рече дека е разговор со нејзината душа, нејзината долгогодишна потреба по сопственото јас.

Шест и пол години откако ненадејно почина нејзиниот сопруг Марјан Јовановиќ, минатата недела Сузана Турунџиева ја загуби и неговата мајка Лена.

Заедно со ќерката Матеа, нејзината внука, била до својата свекрва до последниот ден, држејќи ја за рака додека се борела со тешка болест.

Нашата баба Лена беше вистинска лавица. Сама го пораснала Марјан и освен него немаше никој друг. Го родила на 21 година, а веќе на 22 била самохрана разведена жена!

Прерано ги изгубила мајка ѝ, брат ѝ, татко ѝ, а подоцна и сестрата. Јас, за жал, не запознав никој од потесното семејство, освен нејзината прекрасна сестра Снежана, која почина пред 4 години.

Баба Ена (како што ја викаа Мила и Матеа) имаше очи полни со живот, прекрасна црна густа коса и насмевка што нема никогаш да ја заборавам.

Ги правеше највкусните сарми, пити, штрудли и нема за што не ја биваше. На внуките им ги упатуваше најнежните зборови и постојано ги благословуваше.

Во ништо не ја оддели мојата Лора од нив и сѐ што купуваше за Мила и Матеа, купуваше и за Лора.

Беше голем верник и по ненадејното заминување на Марјан, гробиштата ѝ станаа единствената дестинација што ја посетуваше, сѐ додека не ја спречи болеста“, рекла Сузана за СЛободен печат, а потоа додала:

-Во најтешките мигови кога го изгубивме Марјан, ѝ ветив дека секогаш ќе бидам тука за неа, без оглед на сѐ.

Така и постапив и не ја оставив ниту еден ден сама, особено во последните 9 месеци откако се разболи и не можеше повеќе да функционира сама.

Сѐ што таа посакуваше во последните месеци, беше да седам до неа и да ја држам за рака за да не биде сама, а јас и Матеа тоа со задоволство го правевме, колку и да ни беше стресно и болно, бидејќи длабоко во себе бев сигурна дека истото би го правел и Марјан за мојата мајка, да беше обратно.

Марјан беше многу поголема легенда од мајка му. Тој беше еден срдечен човек со насмеани очи, ведар, комуникативен и педантен до лудило, со посебна ѕвезда и харизма.

Човек со многу пријатели, вистински човекољубец, со огромна смисла за хумор, желен за дружење и свесно на располагање им беше за сѐ, на сите.

Неретко и по сопствена штета. Со мајка му имаа посебна релација и на свој начин одлично се разбираа, иако таа секогаш беше погласна и побрза во мислата од него.

Тој беше одмерен, прибран и секој збор му беше на место. Матеа карактерно не наликува на татко ѝ, но затоа физички е потполно идентична. Многу е горда затоа што сите ѝ велат колку многу личи на него.

Ми фалат барем уште 5-6 часа во денот за да можам да се наспијам. Работата во утринска емисија ми го зеде сонот и понекогаш ме совладува заморот.

Но, се трудам да надоместам, колку можам, за потоа да стасам секаде каде што сум потребна, да им бидам поддршка и помош на сите што зависат од мене и паралелно да правам добри дела“, рекла Сузана.

Познато е дека Сузана стана добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, со која станаа како сестри.

Од накит има само очи… ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА! Да ја немаше ќе требаше да ја измислиме. Атиџе Муратова“, напиша Сузана за својата пријателка.

Сите објави на Сузана се доста емотивни, но оваа е посебно, затоа што таа всушност со само неколку збора раскажува приказна од својот живот:

– Познавам многумина кои имаат уплав од самотија и ја поистоветуваат осаменоста со самотијата. Затоа да не заборавиме дека и за двете состојби ние одлучуваме и само ние можеме да ги промениме нештата…

И не е крај на светот ако си сам(а)… Не заборавај дека СЕКОЈ Е САМ! Заедно сме СИТЕ САМИ… Наше е само дали самотијата ќе ја претвориме во наша предност или наше страдање…“, напишала таа.