Naslovna Makedonija Македонците кои живеат во Германија, но и оние од Америка и Австралија...

Македонците кои живеат во Германија, но и оние од Америка и Австралија ќе бидат пресреќни со оваа вест – Луфтханза почна да лета за Скопје

Голем проблем за Македонците кои живеат, особено во прекуокеанските земји, беше како летно време, за што пократко време да успеат да стигнат во татковината.

За Македонците кои живеат во Америка на пример, најчеста конекција им беше преку Виена. Оние кои живеат во државите Њујорк и Њу Џерси, па и Чикаго, успеваа да стигнат за 12 до 15 часа во Скопје.

Но голем проблем имаа Македонците од Флорида, кои мораа да чекираат билети со два стопа и да патуваат по 24 и повеќе часови.

Сега се чини дека овие „маки“ ќе ги немаат, особено по воведувањето на директен лет од Мајами и Тампа, Флорида на Луфтханза и особено сега, по стартот на летовите на Луфтханза на линија Франкфурт – Скопје и обратно.

Со настан организиран од ТАВ Македонија на скопскиот аеродром, по повод отворањето на новата авиолинија Франкфурт – Скопје со германската авиокомпанија „Луфтханза“, се означи влезот на авиокомпанијата на македонскиот пазар.

На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт го пречекаа министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.

Новата авиолинија – од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ од денеска ќе лета од Скопје до Франкфурт десет пати неделно.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот, пренесе МИА.