Naslovna Zivot Еве зошто во младоста ги мешале Татјана Стојановска и Ирена Спировска, имаат...

Еве зошто во младоста ги мешале Татјана Стојановска и Ирена Спировска, имаат необична заедничка приказна

Татјана Стојановска е една од најубавите жени во јавноста кај нас. ТВ презентерката е позната по тоа што секогаш зборува на правилен македонски јазик.

Таа гостуваше во емисијата „Приказна“ во една прилика, која беше посветена на негувањето на македонскиот литературен јазик.

Татјана отворено зборуваше на себеси, за своите почетоци, а им се обрати и на младите, на луѓето во дијаспората но и на политичарите.

-Јас почнав многу млада на 17-18 години, секако со неколкумесечна обука, во Македонската радио телевизија, пред да почнам да работам на камера, најпрво како најавувач на програма.

Потоа набрзо по неколку месеци почна ангажманот на Утринската програма „Добро утро Македонијо“.

Имав можност да учам од доајените на македонското презентерство, така што се одеше чекор по чекор, не беше ништо избрзано, ги видоа моите перформанси.

Сепак јас и како ученик доста внимавав на литературниот јазик, во училиште, и во основно и во средно секогаш сум учествувала на тие секции по македонски јазик, на приредби, рецитации, така што го имав тоа во себе.

Таа дарба, тој талент за почитување за добра дикција. Тоа беше препознаено и од луѓето во Македонската телевизија, меѓутоа настапот на екран е сосема различен.

Ги учевме сите тие техники на дишење, совладување на техниките на камера да се зборува, меѓутоа се внимаваше и се даваше големо внимание на акцентирањето, на дикцијата, на интонација, на почитувањето на македонскиот литературен јазик.

Тогаш јас на еден начин како еден млад човек, иако сум сум внимавала и претходно, влегов со таа екипа кога навистина многу се почитуваше јазикот и говорот на екранот.

ака што, сум внимавала и кога ќе сум згрешела, самата сум се прекорувала секогаш, корективот во мене секогаш постоел и велат дека на некој начин ние сме оние коишто ги учиме младите генерации, коишто ги учиме сите луѓе.

Ние се обраќаме на една широка публика, луѓе коишто се со различно ниво на образование, луѓе коишто се од различни делови на Македонија, па и регионот, не следат и регионално, не следат и во странство нашинците.

Така што влијаеме со нашето говорење, да го научат децата правилниот изговор, да го научат младите генерации правилниот изговор, па еве и кога ќе речам и во дијаспората влијаеме на младите, за да го следат и учат македонскиот литературен јазик“, рекла Татјана.

Инаку, пријателството на Татјана Стојановска и на Ирена Спировска трае 25 години. И двете првите чекори на модните писти ги направиле во раните деведесети.

Татјана Стојановска беше Мис на Македонија во 1992 година, а Ирена Спировска Зимска убавица за 1993 година. Подоцна, животот и двете ги однел во сличен правец, и двете се едни од најпопуларните наши Тв лица.

Убавината и грациозноста е она по што сѐ уште се препознатливи, а пријателството го негуваат и денес. Со Тања и со Ирена во Женски магазин во една прилика евоцирале спомени од златните деведесети.

Од модните писти и изборите за убавина, на Тања и на Ирена патиштата повторно им се спојуваат на друго место, во студиото на МТВ.

„Со манекенството поцнав да се занимавам откако на 6 јули 1992 бев избрана за Мис на Македонија. По изборот добив покана да работам со модната агенција на Марјан Димевски.

Таму се запознавме со Ирена Спировска и имавме заеднички настапи на модни ревии. Настапувавме на Саемот за мода „Модест“, имавме и ревии во Универзална сала за модните конфекции кои во тој период беа гиганти како „Отекс“, „Прима“, „Тетекс“.

Паралелно со тоа јас во септември истата година, 1992, добив покана да работам во МТВ“, вели Татјана, презентерката на вести во „Канал 5“.

Поради сличните фризури многумина не мешаа и мене ми се обраќаа со Ирена, а на неа со Тања, па секогаш се смеевме поради тоа. Некои дури мислеа дека сме една личност“, низ насмевка вели Татјана.