Naslovna Zivot Еве како изгледа Бубе од Канал 5 кога не е пред ТВ...

Еве како изгледа Бубе од Канал 5 кога не е пред ТВ камери: Се огласи на Фејсбук со посебен повод

– Најсилна инспирација ми е секако семејството. Тие ми се непресушен извор за насмевка, за љубов, за истрајност. Мотив да се издржат и победат сите препреки и предизвици.

Едни две очиња кои нестрпливо ме чекаат да се вратам од работа се живот, а не само мотив. Ме мотивираат позитивни луѓе. Сакам луѓе што се насмеани, луѓе од кои имам што да научам.

Ме мотивира секој изминат ден. Сите грешки, но и убави нешта се искуство кое ме мотивира да станам подобар човек, подобра личност“, изјави во една прилика ТВ презентерката Бубе Јаневска- Ивановска во Женски магазин.

Еднаш, во vipheart.mk ја прашале нашата позната пресентерка од телевизија Канал 5: Со која историска фигура би се поистоветиле, а таа одговорила:

– Принцезата Џаханара, ќерката на Мумтаз и Шах Махал која е дел од градењето ма мавзолејот Таџ Махал.

Доколку би можела да се вратам низ времето тогаш би сакала да бидам Мумтаз Махал, да проверам дали нејзиниот Шах навистина толку силно ја љубел и не можел без неа што по нејзината смрт наредил да се изгради Таџ Махал“.

На кого најмногу му се воодушевувате, било следното прашање, а Бубе рекла:

– Мојата мајка која, за жал, не е повеќе со нас. Таа беше мојот херој, таа ме научи да бидам силна и храбра, таа ме воодушевуваше секојдневно со својата смиреност, остроумност, цврсти одлуки, безгрешни совети…

– Емотивноста ме нервира кај себе, а и во одредени ситуации наивноста што во ова време-невреме им верувам на луѓето. Иако, искреноста и чесноста се мои одлики, очекувам и другите да се такви, а за жал не се.

Од карактерот мој… Па, не знам како се вика таа особина ама не си поднесувам понекогаш што мислам дека можам сè сама“, изјавила Бубе. Во интервју за Жеснски магазин таа раскажа како ги симнала вишокот килограми:

– Бев незадоволна како изгледам ми донесе ниска самодоверба, затворање во себе, некаков револт којшто не знаев како да го контролирам и како да се справам со него. Потоа гардеробата…

Стилот кој го негувам, како растеа килограмите, така исчезнуваше. Почнав да се затскривам зад поширока облека, да се закопчувам до грло, да избегнувам да носам дури и штикли.

И наоѓањето соодветна позиција пред тв камерите каде што нема да се познава вишокот почна да ми станува секојдневна преокупација, па дури и да ме фрустрира. Тоа едноставно не бев јас.

Откако знам за себе, никогаш не сум имала проблем со килограмите, ниту, пак, некогаш сум држела диети. Сум имала идеална тежина која со плус, минус 1-2 кг сум ја одржувала без многу мака.

Но, во текот на бременоста отидов многу во плус со килограмите кои по породилниот период ги минусирав близу до моите идеални. И оттука мислам дека започна се`. Увидов дека можам лесно и брзо да се ставам во ред и почнав многу да не внимавам.

Понекогаш знаев да дигнам рачна,, и да речам доста е, но резултатите никако не доаѓаа. Се обидував со се` и сешто, но не ми успеваше.

Ќе ме мотивираа изгубени 2-3 кг, но всушност, повеќе ме залажуваа и си дозволував да ,,паднам” пред искушенија на слатки, нездрава и брза храна.

Читав, барав решенија, истражував, се прашував кому да се обратам, дали да побарам совет од професионалец, каков начин на исхрана ми е соодветен. Многу дилеми, многу прашања, но бев цврсто решена да сменам нешто.

Почнав да разгледувам и се појави една Фејсбук страница на која видов неверојатни резултати, поткрепени со фотографии, со бројки од изгубени килограми.

Бев позитивно изненадена од тоа што го споделуваа луѓето. На две недели губеле по 2-3 килограми, па и повеќе. Тоа што го видов беше доволна мотивација за да го наравам првиот чекор.

Со минус 10 се чувствувам феноменално. Можете да кажете дека 10 се ништо, но и за нив е потребно многу трпение, упорност и волја, како и за нечии 20, 30 или 50 килограми.

– Среќен 18-ти роденден општина Бутел. Благодарна сум за можноста да бидам дел од оваа радост на жителите на четвртата по големина општина во Скопје.

Благодарност до градоначалникот Дарко Костовски и неговиот тим за довербата што ми ја дадоа, напишала Бубе на својот Фејсбук профил.

А, она што може да се забележи е дека таа навистина е многу згодна и изгледала топ на овој настан.

Бубе ретко се огласува на социјалните мрежи, а овој настан бил супер повод за да покаже како навистина изгледа, секако зад телевизисите камери и на Тв каде што најчесто ја следиме.